Македонија
Протест против изградбата на Али-пашината џамија: Во Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани
Жителите на Охрид предводени од граѓанското здружение „Совест“ излегоа на мирен протест пред општината каде го изразија својот револт од, како што велат, агресивната и нелегална изградба на Али-пашината џамија во централното градско подрачје.
Граѓаните велат дека се изманипулирани и излажани од страна на актуелната власт. Тие велат дека премиерот Зоран Заев ветил решение за овој проблем по претседателските и градоначалничките избори кои се случија во општината, но дека тоа сè уште не е остварено.

„Во централното градско подрачје на Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани преку агресивна и нелегална реализација на градба заштитена со закон, Али-пашината џамија, која има за цел да ги промени физионимијата и карактерот на градот, а зад која стојат цели и стратегии кои не се добронамерни и во чија реализација учествуваат институциите на државата. Управата за заштита на културното наследство, Републичката урбанистичка и градежна инспекција и судот не се на ниво на своите надлежности и не покажуваат решеност да стават мораториум на градбата која веќе е прогласена како нелегална“, рече Сашо Михајловски од „Совест“.
Граѓаните ги повикаа државните институции, градоначалникот Константин Геориевски и премиерот да ги преземат сите уставни надлежности и правдата, законитоста и легалноста да важат за сите. Тие до властите упатија пет барања.
„Заштитата на Али-пашината џамија е од врвен интерес на граѓаните на Охрид и државата. Во име на тоа го повикуваме градоначалникот на Охрид јавно да ја повика Републичката урбанистичка и градежна инспекција да донесе извршни решенија за забрана на градежните активности на Али-пашината џамија. Да се повика УЗНК да ја оцени важноста на конзерваторското одобрение, ИВЗ која е инвеститор да не се однесува своеволно и надвор од легислативата со која се уредува градењето во државата, да се побара од инвеститорот да ја прилагоди својата инвеститорска цел и истата да биде ускладена со програмската рамка и ограничувања опфтени со ПЦГП на Охрид водејќи сметка за чувствителноста на несразмерно поголемиот дел на граѓаните од Охрид и оштина Охрид и институциите од кулурата да изработат предлог до инвеститорот за пренамена на објектот џамија во центар на исламската култура и изработка на проект за партерно уредување на просторот околу објектот кој ќе биде своевидна експозиција на сите историски и културни слоеви на локалитетот“, рече Михајловски.
Од здружението потенцираа дека будно ќе ги следат заложбите на државните институции и дека нема да престанат со протести додека не се исполнат нивните барања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

