Црна хроника
Притвор за Бугаринот кој се обиде да шверцува мигранти на Табановце
Судот му определи 30-дневен притвор на бугарскиот државјанин кој се обиде да шверцува мигранти преку граничниот премин Табановце.
Црински службеници при преглед на товарно возило „форд транзит“ со бугарски национални ознаки откриле мигранти во покривниот дел од возилото, во наменски приспособен простор.
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција сооштија дека мигрантите се по потекло од Ирак, а Бугаринот ги презел од Солун со намера да ги превезе илегално кон западноевропските земји.
„Осомничениот во текот на вчерашниот ден од користољубие, илегално пренесувал осум лица – мигранти со потекло од Ирак. Тој, со комбе марка ‘форд транзит’ со бугарски регистарски таблички, со цел илегално да ги превезе до западноевропските земји ги прифатил мигрантите во Солун. Во импровизиран бункер во кровниот дел на возилото ги сместил во легната положба и поминувајќи го граничниот премин Богородица, преку автопатот Е 75 пристигнал на граничниот премин Табановце“, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

