Контакт

Вести

Со саботните жртви бројот загинати во Газа се искачи на 121

Објавено пред

Најмалку 15 Палестинци, според болнички извори, се убиени ноќта кон саботата во израелските воздушни напади врз десетина цели во палестинската енклава Појасот Газа, со што бројот на загинати од почетокот на израелската офанзива пред пет дена се искачи на 121, додека меѓународната заедница безуспешно повикува на мир.

dobivaj vesti na viber

Во последниот напад за кој јавуваат агенциите, во Беит Лахи во северниот дел на Појасот Газа, убиени се две лица, а уште три смртно настрадале во друг напад западно од градот Газа, изјавил портпаролот на палестинската служба за вонредни ситуации Ашраф ал-Кудра. Израелската воена портпаролка изјавила дека Израел гаѓал 60 цели во текот на ноќта кон саботата, со што од почетокот на воздушната офанзива од вторникот се гаѓани вкупно илјада палестински цели, пренесува германската агенција DPA.Кратко пред почетокот на традиционалниот еврејски шабат, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не се согласува на никакво меѓународно мешање во потенцијалниот прекин на огнот, пренесува агенцијата AFP. „Никаков меѓународен притисок нема да нѐ спречи во нападите врз терористите кои нѐ ракетираат“, изјавил Нетанјаху на прес-конференција одржана во министерството за одбрана во Тел Авив.Во телефонскиот разговор со израелскиот премиер, американскиот претседател Барак Обама педложи посредување со цел да се воспостави мир, и истовремено изрази стравување од „натамошно ескалирање на судирите“.„САД и натаму се подготвени да се ангажираат да се постигне прекин на непријателствата, вклучително и враќање на договорот за прекин на огнот од ноември 2012 година“, соопшти Белата куќа, додавајќи дека Вашингтон и натаму исламистичката палестинска организација Хаамс која Појасот Газа го држи под контрола од кусотрајната војна со ривалското движење Фатах во 2007 година, ја смета за „терористичка организација“. САД се подготвени да ја употребат својата мрежа на Блискиот исток за да се „направи обид за престанок на ракетирањето од областа Газа и, како што видовме утрово, од Либан“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.Додека судирот станува сѐ покрвав, меѓународната заедница повикува на мир. Во четвртокот на итната седница на Советот за безбедност при Обединетите нации, генералниот секретар Бан Ки-Мун повика на прекин на огнот. Високата комесарка за човекови права на ОН, Нави Пилај, во петокот изрази сериозно сомневање дека Израел со воените операции во Појасот Газа го крши меѓународното право кое не дозволува гаѓање цивилни цели. Пилај ги повика двете страни да ги почитуваат правилата на војувањето.Се чини дека како и Нетанјаху, ниту челникот на Хамас, Гази Исмаил Ханија во овој момент не е подготвен на примирје. Како што извести Израелската армија, Хамас и неговото радикално воено крило Исламистички џихад, во последните пет дена истрелале околу 660 гранати и ракети, но израелскиот противракетен систем „Челична купола“ пресретнал 140 од нив.Судирите постепено се шират на северниот дел од Израел, особено по ракетирањето од либанска територија во кое немало жртви. Израелската артилерија на тие напади одговорила гаѓајќи едно јужно либанско село.Командантот на генералштабот на израелската армија, генералот Бени Ганц предупреди дека израелските војски „ќе ги засилат и прошират своите активности зависно од потребите, како и дека ќе нападнат „со сите расположливи средства“. Веќе се мобилизирани околу 40 илјади резервисти. Нападите врз Газа ги разлутија земјите коишто граничат со Израел. „Израел тврди дека припадниците на Хамс истрелуваат ракети. А дали некој смртно настрадал?“, запраша турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, чијашто земја се обидува да ги поправи порано многу тесните врски со Израел кои беа прекинати по инцидент со хуманитарни пропалестински активисти во 2011 година, а во последно време одржува контакти со Хамас. Ердоган ги обвини Израелците дека „лажат“, а Египет во петокот ја осуди израелската „политика на колективно казнување“ во Газа за терористичките напади, и ја повикаа меѓународната заедница неодложно да стави крај на судирот.Имајќи предвид дека се влошува состојбата во Појасот Газа, 34 хуманитарните организации повикаа на прекин на огнот и почитување на човековите права на палестинската територија под израелска блокада. Најголемото непријателство меѓу Израел и Палестинците по осумдневната војна кон крајот на 2012 година кога загинаа над илјада Палестинци и стотина Израелци, започна со неодамнешните грабнувања на трите израелски тинејџери кои беа пронајдени мртви во другата палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан) за што беа обвинети палестинските радикални исламисти, за потоа и грабнувањето на палестинскиот тинејџер кој жив бил запален во источен Ерусалим, како одмазда од страна на екстремните еврејски активисти./крај/мф/сн

Извор: AFP/DPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија6 часа

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија6 часа

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет7 часа

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет8 часа

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија9 часа

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет9 часа

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ10 часа

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет10 часа

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија10 часа

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија24 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет1 ден

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија1 ден

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија1 ден

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ1 ден

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија1 ден

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија1 ден

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет1 ден

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...