Контакт

Вести

Либискиот парламент не ја поддржа владата на националното единство

Објавено пред

Либискиот парламент, кој го признава меѓународната заедница, не ја поддржа во понеделникот владата на националното единство предложена во рамките на планот на Обединетите нации за решение на длабоката политичка криза и вооружениот судир во оваа земја, кој беше потпишан во декември во Мароко.

dobivaj vesti na viber

По соборувањето и ликвидирањето на поранешниот либиски челник Моамер ел-Гадафи во октомври 2011 година, Либија се соочува со постојана внатрешна нестабилност поради судирите за превласт на поранешните различни бунтовнички групи. Така се јави двовластието, од една страна избраниот на општите избори парламент кој заседава во источниот град Тобрук, а на другата происламскиот Генерален национален конгрес чие седиште е во главниот град Триполи.

Голем број од областите воопшто не се контролирани од централните власти, и на нив дејствуваат локални милитантни групи. Тоа го искористи за на либиска територија да се етаблира радикалната сунитска организација Исламска држава, поради што на 19-ти јануари, во Либија беше именувана нова влада на националното единство, формирана согласно планот кој го поддржаа Обединетите нации. Претседателскиот совет, формиран според предлогот за решавање на либиската криза, минатиот вторник ги назначи 32 министри на новата влада.

Од 104 пратеници кои присуствувале на седницата во Тобрук во поенделникот, 89 гласале против новата влада на национално единство. Пратениците од истокот на Либија велат дека ја отфрлиле новата влада бидејќи има премногу членови. Сега Претседателскиот совет има 10 дена да предложи нова, скусена листа министри.

Пратеникот Мохамед ал-Абани изјавил за Reuters дека предложената влада не ги одразува интересите на либискиот народ, туку оти е формирана „во согласност со барањата на челниците на милициите“.

Во второто гласање, парламентот во Тобрук го прифатил договорот за политичката транзиција во земјата, поред кој дејствува Претседателскиот совет. Меѓутоа, ја отфрлиле одредбата за пренесување на овластувањата над вооружените сили на премиерот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија14 часа

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ15 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ15 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет16 часа

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет22 часа

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија22 часа

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија22 часа

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија23 часа

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија23 часа

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет23 часа

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет24 часа

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет24 часа

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет24 часа

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет24 часа

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...

Економија2 дена

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија2 дена

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија2 дена

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија2 дена

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет2 дена

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...