Свет
(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице беше повредено и повеќе од 10 дома беа оштетени.
Торнадото не го оштети аеродромот, но патниците беа одведени во засолништа за половина час, а многу летови беа одложени или откажани, објави АП.
Еден човек доби повреди кога врз него паднало дрво за време на бурата, а неговата состојба засега не е позната.
Бурите може да предизвикаат торнада и поплави во делови од Арканзас, Илиноис, Канзас, Мисури и Оклахома.
Во невремето што ги погоди камперите во областа Хикори во Мисури во неделата, седум лица беа повредени, од кои четворица беа хоспитализирани. Во Оклахома, меѓудржавниот автопат во Ел Рено, 40-ина километри западно од Оклахома Сити, беше затворен поради поплавите.
Во Ел Рено и Стилвотер, каде што се наоѓа и Државниот универзитет, спасувачите ги извлекуваа луѓето од своите домови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Знаевме однапред за израелскиот напад, но не учествувавме

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за „Фокс њуз“ дека однапред знаел за израелските планови за напад врз Иран, но нагласи дека американската војска не била вклучена во операцијата.
Трамп рече дека САД сè уште сакаат да се вратат на преговарачката маса со Иран за да ја ограничат неговата нуклеарна програма.
„Иран не може да има нуклеарна бомба и се надеваме дека ќе се вратиме на преговорите. Ќе видиме“, рече Трамп.
Тој додаде дека неколку ирански лидери биле убиени во нападот и коментираше дека „некои од раководството никогаш повеќе нема да ги видиме“.
Трамп исто така рече дека неговата администрација контактирала со клучен сојузник на Блискиот Исток кратко пред нападот, но не откри за која земја станува збор.
Свет
Убиен е висок ирански воен функционер

Иранската државна телевизија IRINN објави дека генералот Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили и највисок воен офицер во земјата, е убиен во израелски напад.
Багери е втората висока воена личност за која се знае дека е убиена во невидените израелски напади врз Иран преку ноќ.
Претходно, иранските државни медиуми објавија дека е убиен и генералот Хосеин Салами, командант на Иранската револуционерна гарда (IRGC).
Свет
Израел го погоди клучниот нуклеарен реактор во нападот врз Иран

Израел погоди клучен нуклеарен реактор во својот напад врз Иран. Меѓу нив е и нуклеарниот реактор Натанц, кој е клучен за нуклеарната програма на Иран.
Во раните утрински часови, според информациите од иранската државна телевизија, објавени од Ројтерс, се случила нова експлозија во нуклеарниот објект Натанц, околу 225 километри јужно од Техеран. Станува збор за еден од централните објекти за збогатување ураниум во Иран, чија важност за нуклеарната програма на земјата е повеќе пати потврдена и следена од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
МААЕ потврди дека објектот Натанц бил меѓу целите насочени од Израел во неговата последна воена операција и дека е во контакт со иранските власти за да се утврдат можните промени во нивоата на зрачење.
Комплексот Натанц, кој се наоѓа во централната покраина Исфахан, е еден од најважните објекти во нуклеарната програма на Иран. Таму се наоѓаат голем број центрифуги за збогатување на ураниум, вклучувајќи напредни модели што ги користи Иран за да постигне нивоа на чистота на ураниум до 60% – многу блиску до нивото потребно за производство на нуклеарно оружје. Поради оваа причина, Натанц со години е под строг надзор на инспекторите на МААЕ, но исто така е и постојана цел на израелски напади и саботажи.
Објектот е изграден и надграден под земја за да биде поотпорен на воздушни напади, но експлозиите потврдени утрово од ирански и израелски извори сугерираат дека бил погоден и покрај овие заштитни мерки.