Македонија
Стоп за малите хидроцентрални
Уметникот Адем Сулејманоски, кој живее и работи во село Ростуше, со земјена уметност, или како што популарно се нарекува, ленд-арт, испрати порака за стопирање на изградбата на малите хидроцентрали.
Проектот „Стоп за малите хидроцентрали“ е изработен на брегот на реката Радика во близина на селото Присојница и е посветен на сè почестото уништување на планинските реки и водотеци со изградба на мали хидроцентрали кои исклучително негативнио влијаат врз целиот жив свет, а особено врз ихтиофауната и крупните цицачи. Речната пастрмка, балканскиот рис, слатководните школки и раковите се само неколку од многуте загрозени видови во земјата, на кои им се заканува исчезнување поради стратегиската определба по секоја цена да се искористи хидропотенцијалот на реките за производство на струја од мали хидроелектрани, дури и во заштитени национални паркови.
Акцијата и ленд-артот се дело на ликовниот уметник Адем Сулејманоски, кој живее и работи во село Ростуше, во срцето на Националниот парк Маврово, кој исто така е под закана од издавање концесии за мали хидроцентрали. Преку акцијата, авторот сака да го подигне гласот за проблемот со малите централи и да алармира дека при издавањето на концесиите не се внимава на заштита на загрозените видови и воопшто на биодиверзитетот. На овој начин авторот со својот уметнички печат едновремено сака и да ја поддржи борбата на еколозите за зачувување на биодиверзитетот и одржлива животна средина.
Ленд-артот „Стоп за малите хидроцентрали“ е дел од серијата ленд-артови со еколошка тематика што авторот ги работи оваа пролет. Изработката е финансиски поддржана од Фондацијата „Отворено општество Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

