Македонија
Пендаровски се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која
Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.
„На средбата беа разменети мислења за севкупните состојби во Република Северна Македонија, како и за улогата на ОБСЕ и поддршката што ја дава на државата. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени поддршката што организацијата ја дава за реформите во разни области, а во контекст на европската интеграција на земјата. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е целосно посветена на реформската агенда и очекува натамошна успешна соработка со ОБСЕ во реализацијата на активности во повеќе области од интерес на напредокот на државата, особено во областа на владеење на правото“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.
Тој посочил на улогата и придонесот на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во изборните процеси во изминатите години, вклучувајќи ги последните претседателски избори. Оценил дека со добро спроведените претседателски избори државните институции покажале зрелост и овозможиле спроведување на изборниот процес во согласност со европските стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

