Црна хроника
Пожар во фабриката „Железара“
Синоќа во 3:50 часот во полицијата било пријавено дека настанал пожар во кругот на фабриката „Железара“, при што бил зафатен погон на фабриката за пластика и цвеќиња.
Од МВР велат дека од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил целосно изгаснат.
Повредени лица нема, а увид ќе се врши во текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетници претепани додека чекале автобус во скопски Аеродром
Ноќеска во 21.50 часот во СВР Скопје, В.М.(46) од с.Дељадровци, скопско и Л.Д.(41) од нас. Илинден, скопско, пријавиле дека околу 12.35 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нивните два малолетни сина биле физички нападнати од неколку други малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, известија од полицијата.
Црна хроника
Во парк во Сарај пронајден повреден 20-годишен маж: бил нападнат со остар предмет
Вчера во 18.08 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека во парк во с.Сарај, скопско, со повреди од остар предмет бил пронајден З.Ш.(20) од с.Крушопек, скопско.
Лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а според неговата изјава, околу 16.30 часот во парк во Сарај едно лице го нападнало со остар предмет и му ги нанело повредите.
Полицијата извести дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Штип: Маж ги претепал синот и сопругата и им се заканувал со нож
Вчера во 18.25 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.Ч.(59) од Штип.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом тој физички ги нападнал неговата 53 – годишна сопруга и нивниот 35 – годишен син и им се заканувал со остар предмет.
Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.