Регион
Во Загреб приведени 13 матуранти поради инциденти на прослава

Во Загреб денеска за време на манифестацијата „норијада“, на која учениците го одбележуваат завршувањето на средното училиште, дошло до инциденти поради коишто биле приведени 13 матуранти.
Итната помош интервенирала кај 11 матуранти, пишува „Индекс.хр“, но нема наведено детали за какви инциденти станува збор.
За време на манифестацијата сообраќајот бил целосно затворен, а полицијата ги известила граѓаните да го избегнуваат центарот на градот,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Црногорската војска синоќа од морето кај вливот на реката Бојана, кај Улцињ, извлекла двајца странски државјани, од кои едниот е хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, потврдија за медиумите од црногорската влада.
Потврдено е дека Костелиќ и уште еден странски државјанин биле спасени „во сложени околности“ со употреба на патролни чамци за брза интервенција на Морнарицата на Војската на Црна Гора и хеликоптерска поддршка од воздух.
Според пишувањата на медиумите, Костелиќ и уште едно лице биле на кајак, но силен јужен ветер и бранови високи над три метри ги превртеле и ги одвлекле од брегот.
Како што дознава „Вијести“, двајцата спасени се добро, но превентивно се предадени на екипа на Брза помош која ги чекала во пристаништето Бар, каде околу 22.45 часот пристигнал патролниот брод.
Регион
Вучиќ: Болшевички пленумци му нанесоа страшни повреди на полицаецот

Среде ноќ се огласи српскиот претседател Александар Вучиќ, а околу час и половина по инцидентот успеа да се фотографира со полицаец за кој тврди дека бил повреден од студенти и да го објави на својот Инстаграм. Човекот за кој српскиот претседател вели дека е полицаец кој бил нападнат од студенти и му нанеле „страшни повреди“, има модринка на окото, додека Вучиќ на фотографијата позира со лут израз.
Тој ги нарече студентите „болшевички пленумци“ и рече дека ќе одговараат за повредата на полицаецот.
„Лазар Башиќ, полицаец, беше нападнат од членовите на болшевичкиот пленум пред зградата на РТС. Тој се здоби со сериозни физички повреди. Ужасно. Насилниците мислат дека им е дозволено да прават се. Не им е. Тие ќе одговараат за секое насилство што го направиле. Толку за мирните демонстранти и, пред сè, оние загрозените. Ќе победи нормална Србија, ќе победи демократска Србија“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Вучиќ си замина додека Дачиќ даваше изјава: „Ова не можам да го слушам“

Српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа приредија своевидна драма додека даваа изјави откако го посетија полицаецот во болница за кој рекоа дека бил претепан пред Радио телевизија Србија.
Припадници на Жандармеријата физички се пресметаа со студенти на блокадата пред зградата на Радио и телевизија Србија, која студентите ја блокираа вчера вечер. Како што се гледа на снимката, полицајците со палки удираат студенти додека се обидувале да влезат во зградата на РТС.
Откако Вучиќ даде изјава за синоќешните случувања, се вмеша Дачиќ, кој рече дека „некои медиуми веќе почнале да шират лаги“ и дека „нема полициска интервенција“.
Вучиќ веднаш реагираше на зборовите на Дачиќ и го прекина. „Не можам… Не се лутете, но не можам повеќе да го слушам ова правдање. Ви благодарам многу“, рече Вучиќ, помина покрај Дачиќ пред камерите и си замина. На заминување му рече на Дачиќ: „Ајде правдај се“.