Свет
Две торнада во американската држава Мисури предизвикаа материјална штета
Најмалку две торнада ја погодија областа во близина на Џоплин во американската држава Мисури, но засега нема информации дали има повредени.
Директорот на Агенцијата за природни катастрофи во округот Џаспер, Кит Стамер, изјави дека торнадото било забележано северозападно од градот Карл Џанкшн, на околу шест километри од Џоплин, објави АП.
Според него, полицијата оди од куќа до куќа и се распрашува дали има повредени.
Стамер додава дека се оштетени покриви од куќи, огради, земјоделски згради и бандери.
Весникот „Џоплин глоуб“, цитирајќи го извештајот од Метеоролошката служба, објави дека друго торнадо било забележано во близина на градот Гален.
Моќно торнадо го погоди Џоплин пред осум години кога 161 лице загинаа и беше нанесена огромна материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Полицијата уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.