Контакт

Вести

Столтенберг: Соработката со Русија нема алтернативи

Објавено пред

НАТО и Русија мора да соработуваат на некој начин, и покрај „напорите на Москва да укине некои демократски достигнувања“, изјави во своето прво јавно настапување во вторникот во Брисел, генерален секретар на НАТО, Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој инаку важеше за човек кој има добри односи со рускиот претседател Владимир Путин и последните десет години ги продлабочи врските со соседната Русија.

dobivaj vesti na viber

Педесет ипетгодишниот Јенс Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка, ја презема функцијата генерален секретар на НАТО во моментот кога односите меѓу Западот и Русија се на најнискиот ниво од завршувањето на Студената војна и распадот на советскиот сојуз, а најважниот фактот во Севернатлантската алијанса – САД заговараат преиспитување на улогата на Сојузот и односите со Москва.

„Ниту НАТО ниту Русија ќе исчезнат. Едноставно не можеме да се игнорираме меѓусебно. На еден или на друг начин, имаме односи. Прашањето е каков е тој вид односи“, изјави Столтенберг на конференцијата на Германската Маршалова фондација (GMF) во Брисел, кого го цитира агенцијата DPA.

Столтенберг се потсети притоа на своето детство и растење во Норвешка за време на Студената војна, кога погледот кон соседна Русија бил како „гледање во нешто темно и страшно“. А заштитата на НАТО му давала чувство на сигурност.

„Во минатото се гледавме со недоверба, препуштени на застрашувањето, а разговаравме дни со други главно за да ги избегнеме опасните недоразбирања и ескалацијата. Искрено, сега можеме да видиме одек од тоа“, додаде Столтенберг.

Новиот генерален секретар се зазема за „силен НАТО“, како основа на „конструктивен и кооперативен однос со Русија“.

Сојузот ја засили својата присутност во источните членки, барајќи начин како да ги смири оние кои се сметаат загрозени од Русија . Бројот на авионите на НАТО кои прелетуваат на тие земји е петкратно зголемен, а на секои два дена започнува некоја нова вежба во Европа, истакна Столтенберг.

Потсети дека и некои источни членки на Алијансата го стопираат и го пресвртуваа трендот на намалување на воените буџети, како на пример Полска и Романија, кои ги зголемија своите воени расходи.

„Дозволете јасно да кажам – НАТО не бара конфронтација со Русија. И никој не сака нова Студена војна, 25 години по падот на Берлинскиот ѕид…., но не можеме и нема да правиме компромиси со принципите на кои почиваат нашиот сојуз и безбедноста на Европа и на Северна Америка“, додаде Столтенберг.

Според него, Русија се обидува „да го спречи напредокот“ што го оствариле НАТО и неговите партнери во одбраната на демократските вредности на Алијансата, тврди Столтенберг, кој смета дека постапките на Москва кон Украина претставуваат „кршење на меѓународното право“.

Прозападните политичари во Киев сакаа Украина да влезе во НАТО пред повеќе години, но тоа со резерва беше примено во Брисел поради очекуваната реакција на Русија, а во времето на во март годинава соборениот претседател Виктор Јанукович соработката меѓу земјата и Алијансата речиси замре. Новиот прозападно ориентиран украински претседател Петро Порошнеко во септември предложи Украина да го добие статусот на најблизок можен партнер на НАТО кој не член. Москва разбирливо е незадоволна од близината на Киев и НАТО, обвинувајќи ја Алијансата дека ги прекршува меѓусебните договори за почитувањето на сферите на влијание и неприближување на западниот воен сојуз кон руските граници. Столтенберг, пак, во вторникот истакна дека вратите на Алијансата се отворени доколку Украина сака да се приклучи.

„Начинот на кој ќе напредуваме е да се потсетиме се потсетиме што сме одлучиле. Бев присутен на самитот во Букурешт 2008 година кога одлучивме дека Украина и Грузија да станат членки на НАТО“, изјави Столтенберг признавајќи, меѓутоа, дека тоа прашање во моментов „не е во план“, имајќи предвид дека Украина и не е истрајна на своето барање за членство./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа1 час

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет2 часа

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет2 часа

Иран: Ќе преговараме со САД само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија12 часа

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ13 часа

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ16 часа

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија18 часа

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија19 часа

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ21 час

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....

Регион22 часа

Балканот ќе биде како под вршник, летото ќе биде пеколно, сушно и со екстремни бури

Балканот ова лето ќе се соочи со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Долгорочните прогнози најавуваат топло лето и...

Свет23 часа

Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални...

Македонија1 ден

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега...

Македонија1 ден

Утрото ќе биде студено, а денот со пролетни температури до 23 степени

Денешното утро ќе биде студено, но преку ден се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе...

Свет2 дена

Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме...

Скопје2 дена

Марш за женски права во Скопје, жените бараат крај на дискриминацијата

Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот...

Свет2 дена

Жестока караница меѓу Маск и Рубио во Белата куќа, Трамп ја смирил тензијата

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жесток конфликт меѓу државниот секретар Марко Рубио...

Топ2 дена

Ужас во Скопје: Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило кои 3 дена по ред ги тепал

39-годишна жена и нејзините две малолетни деца се здобиле со тешки телесни повреди во Аеродром, откако биле исфрлени од возило,...

Македонија2 дена

Мицкоски од Свети Николе: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по...