Црна хроника
Притвор за момче од Леуново – кршел инвентар во интернат и нападнал полицајци во Маврово
Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против 20-годишно момче од Леуново поради напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383, став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 20-годишен жител на село Леуново на 21 мај кршел и оштетувал инвентар во интернатот „Седек Костоски“ во Маврови Анови, каде што привремено бил сместен. Кога на местото пристигнале полициските службеници, кои постапувале по пријавата, тој од џебот извадил шрафцигер и ги нападнал со намера да ги повреди. Од страна на полициските службеници бил совладан и приведен.
Усвојувајќи го предлогот на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

