Црна хроника
Државјанин на Албанија се обидел да прошверцува постелнини и козметички производи, ги носел во Шуто Оризари
Синоќа, на местото наречено Жировничко Анче, на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, полициски службеници запреле и извршиле преглед на патничко возило со албански регистарски ознаки, управувано од 28-годишен државјанин на Албанија (И. Ш.), во кое биле двајца сопатници од Албанија.
При прегледот во возилото биле пронајдени повеќе пакувања козметички производи и постелнини, јави МВР.
Возачот бил лишен од слобода и во разговор со полициските службеници изјавил дека стоката ја набавил во Тирана и ја носел во Шуто Оризари.
Пронајдените предмети биле одземени и заедно со лицето се предадени во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против директорка на градинка во Велес, при аплицирање за позицијата дала сертификат за англиски јазик со невистинита содржина
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против 44-годишната М.В. од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.
„Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата“, соопшти МВР.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.