Црна хроника
Полицаец фатен како шверцува мигранти
Полицаец од Скопје заедно со уште еден скопјанец биле фатени како криумчарат мигранти, па против нив е поднесена кривична пријава, а на полицаецот му е одреден и триесетдневен притвор.
На 29 октомври дваесет и деветгодишниот полицаец се договорил со скопјанецот за пари да превезат мигранти од Гевгелија до Скопје, за нивно понатамошно криумчарење кон западноевропските земји.Со две возила се упатиле кон Гевгелија каде ги натоварел мигрантите во возилата и се упатиле кон Демир Капија. Во близина на селото Милетково патролни тимови на полицијата го зарпеле возилото на скопјанецот. Но тој не застанал на знакот на полицајците и избегал, додека во возилото биле најдени шест сириски мигранти, петмина возрасни и едно дете.Полицајците забележале уште еден автомобил „голф 3“ кој го управувал полицаецот, на паркинг простор кај село Милетово како истовара петмина мигранти. Полицаецот го завртел возилото и се упатил кон Гевгелија но бил стигант кај село Смоквица и приведен во полиција. Мигрантите не биле најдени.Полицаецот и другиот скопјанец биле приведен и против нив е поднесена кривична пријава, а на полицаецот му е одреден и притвор во траење од 30 дена./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

