Црна хроника
Кривична пријава и притвор за возачот на автобусот

Кривична пријава поднесе во средата полицијата од Свети Николе против возачот на автобусот, кој во вторникот изутрина на железнички премин се судри со воз, при што беа повредени 30 лица.
Возачот В.Ш. е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Тој се товари дека не ја почитувал железничката сигнализација и одлучил да ја заобиколи спуштената рампа пред пругата кај селото Сарамзалино со што предизвикал несреќа во која беа повредени 30 лица.
Основното јавно обвинителство во Штип денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против возачот и изрекување на мерка притвор.
Возачот дал исказ пред истражен судија, но мотивите за неговата постапка и натаму се непознати. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга

Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.