Македонија
(Видео) Заев се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ
Во рамките на официјалната посета на Црна Гора, претседателот на Владата, Зоран Заев вечерва се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и со претседателот на црногорското Собрание, Иван Брајовиќ.
На свечената вечера што ја приреди претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, премиерот Заев и претседателот Ѓукановиќ го потврдија традиционалното пријателство меѓу двете земји и разменија мислења за идните можности за развивање на односите, посебно на планот на економската соработка и на планот на заедничките активности во НАТО, и во процесот на интеграцијата на двете земји во Европската Унија.
На средбата со претседателот на Собранието на Црна Гора, премиерот Заев и претседателот Брајовиќ ја нагласија исклучително добрата соработка меѓу пратениците од двата парламенти, можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, а се зборуваше и за поддршка и размена на искуства од Црна Гора во процесот на започнување на преговори на нашата земја со Европската Унија.
Во оваа прилика претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев му се заблагодари на претседателот на Собранието на Црна Гора, Брајовиќ за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО и информираше дека веќе 13 земји членки на НАТО го ратификуваа документот со што се отвора шанса Северна Македонија до крајот на годината да го добие статусот полноправна членка на Алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.