Контакт

Вести

Стејт департментот потврди дека САД не знаат кој го соборил малезискиот авион над Украина

Објавено пред

САД сé уште не знаат кој ја истрелал ракетата којашто на 17-ти јули го собори малезискиот „Boeing 777“ со 298 патници и членови на екипажот над источна Украина, одговори на новинарско прашање на редовниот брифинг во четвртокот портпаролката на американскиот Стејт департмент, Мари Харф.
 

dobivaj vesti na viber

САД сé уште не знаат кој ја истрелал ракетата којашто на 17-ти јули го собори малезискиот „Boeing 777“ со 298 патници и членови на екипажот над источна Украина, одговори на новинарско прашање на редовниот брифинг во четвртокот портпаролката на американскиот Стејт департмент, Мари Харф.

 

Бидејќи за разлика од Русија, САД сé уште не објавија технички податоци од американското разузнавање за трагедијата со малезискиот авион во источна Украина, новинарите на брифингот во Стејт департментот од Мари Харф барале да се разјасни дали Вашингтон има намера да го стори тоа, или барем да одговори на руските тврдења, портпаролката одговорила дека американските податоци ќе бидат соопштени „до најголемо можно ниво и доколку е неопходно“. Во врска со процените на Вашингтон на руските податоци, Харф, пак, одговорила дека САД „длабоки веруваат во сопствената оцена за она што се случило“.

„Ние веќе ја дадовме нашата оцена. Објавивме толку информации, колку што е можно во моментов. Сé што можевме да го декласифицираме, се содржи во основата на оваа процена. Продолжуваме да работиме напорно, за да можеме да објавиме уште повеќе“, изјави портпаролката на американската дипломатија.

Во продолжение Харф го изнесе веќе познатиот став на САД, којашто според неа почива на информации добиени од различни извори.

„Ние сметаме и веруваме дека ракета СА-11 (Бук) била истрелана од проруските сепаратисти од територијата на Украина. Објавивме фотографија којашто ја покажува траекторијата на проектилот. Таа е заснована на тајна информација и ние не можеме да објасниме како сме ја добиле. Ние, исто така, распространивме информација за тоа зошто сметаме дека двете алтернативни хипотези објавени од Русите, не се веродостојни“, рече Харф алудирајќи на теориите дека малезискиот авион можел да биде урнат од силите на украинските власти од ловец „Су-25“ или од противавионски проектил земја-воздух.

„Сметаме дека истрагата треба да продолжи. Неопходно е да утврди чиј палец бил ставен на чкрапалото. Засега тоа не го знаеме. Исто така, не ги знаеме мотивите, зошто тоа било сторено“, додаде портпаролката на Стејт департментот.

Одговорајќи на прашање на естонски новинар, Харф потврди дела САД го поддржуваат планот за воведување нови пожестоки санкции против Русија од страна на Европската унија, особено затоа што трагедијата со малезискиот авион „не смее да остане неказнета“.

Притоа дописникот на руската агенција Итар-Тасс постави прашање во зошто би имала смисла водење истрага чиишто резултати однапред му се познати на Вашингтон, на што Харф одговори дека таа не гледа никаква пристрасност во тоа.

„Ние знаеме кој со месеци ги поддржува сепаратистите. Знаеме дека без директна поддршка од руската владата тие сепаратисти воопшто нема да можеа да се наоѓаат на истокот на Украина и да го правата тоа што сега го прават“, одговори Харф.

Харф одговори и на прашањето зошто САД ја негираат дури и можноста дека ракетата кон малезискиот авион би можела да биде истрелана од украинската армија. „Русија навистина објави мапа којашто покажува претпоставени локации на распоредени батерии СА-11 во области во дострелот на местото на катастрофата. Ние сме убедени дека таа информација не е вистинита. Ние поседуваме информации дека најблискиот украински систем СА-11 (според западната класификација) се наоѓал надвор од радиусот на дејствување во однос на местото на лансирање на ракетите, така и од местото на падот на авионот. Односно, во тој радиус едноставно немал украински СА-11 (Бук).

На прашањето да биде прецизирано дали оваа информација САД ја добиле од властите во Киев или од социјалните мрежи, Харф одговори дека тоа е американска информација. „Не, тоа е наша сопствена информација. Нашите очи се насочени кон тој регион“.

Два дена по падот на малезискиот авион крај Донецк, област 60-ина километри од границата со Русија којашто ја контролираат проруските бунтовници во Украина, рускиот заменик министер за одбрана Анатолиј Антонов постави десет прашања до команданта на украинската армија и му порача на Киев да ги претстави пред меѓународната јавност извештаите за распоредот на противвоздушните и противавионски ракетни системи за да можат светските експерти да утврдат со каков ракетен систем бил соборен малезискиот авион. Во четвртокот Антонов за руската телевизија Россия 24 изјави дека руското министерство за одбрана во јуни и јули регистрирало десетици ракетирања на територијата на Русија. /крај/мф/сн

Извор: Reuters/Итар-Тасс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија1 час

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет3 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет4 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет5 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија19 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија19 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија20 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија22 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион23 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија23 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија23 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет1 ден

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа1 ден

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет1 ден

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет1 ден

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет1 ден

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...