Вести
Азија одбележува 10 години од цунамито и земјотресот во кои загинаа 230.000 луѓе

Земјите од југоисточна и јужна Азија во петок одбележуваат десетгодишнина од смртоносното цунами во кое загинаа околу 230.000 луѓе во 14 држави. Цунамито беше предизвикано од земјотрес со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала кој траеше скоро 10 минути.
Во индонезиската покраина Ацеху, која беше најтешко погодена од цунамито, во петок се одржа комеморација на која говореше потпретседателот Јусуф Кала кој им се заблагодари на странските земји за помошта.
„Никогаш не сум видел толкава солидарност и великодушност како по цунамито. Дури и децата од цел свет, од Германија до САД, ги искршија своите касички и испратија помош за жртвите од цунамито“, рекол тој.
Индонезија беше најпогодена држава со околу 130.000 жртви.
Претходно беа одржани молитви во џамииите и кај масовните гробници во знак на сеќавање на мртвите.
Во Шри Ланка е организирано комеморативно патување со воз за преживеаните во цунамито и нивните семејства, од престолнината Коломбо до Перелије на југот на земјата. На истото патување пред 10 години загинаа околу 1.400 луѓе кога преполниот воз го погоди цунами кое однесе 35.000 жртви ширум земјата.
Молитви се одржаа и на индиските острови Андман и Никобар. На југоиточниот индиски брег е одржана комеморација недалеку од плажата. Во Индија загинаа околу 16.000 луѓе.
На ,исто така, се одржуваат верски обреди во селото Бан Нам Кем во покраината Фангни каде загинаа околу две илјади луѓе како и кај ѕидот на сеќавањето Маи Као во Фукет.
Цунамито во Индискиот океан, кое на 26ти декември 2004 година ја погоди југоисточна и јужна Азија, беше едно од најразорните и најсмртоносните во поновата историја и воопшто една од најтешките природни катастрофи во која животот го загубија околу 230.00 луѓе. Цунамито го предизвика земјотрес со јачина од 9,1 степени. Тоа е трет најголем земјотрес во историјата што траеше речиси десет минути и предизвика вибрирање на целата планета.
Катастрофата ги погоди Шри Ланка, Индија, Тајланд, Сомалија, Бурма, Малдивите, Малезија, Танзанија, Сејшелите, Бангладеш, Јужна Африка, Јемен, Кенија и Мадагаскар.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.