Регион
Секој петти граѓанин на Црна Гора им должи на банките 9.700 евра

Вкупниот број корисници на банкарски кредити во Црна Гора на крајот од 2018 година изнесува 125.116, од кои 112.563 се физички лица, при што секој петти жител има долг од 9.700 евра.
Црногорскиот весник „Дан“ објави дека вкупниот долг на населението врз основа на заеми во една од 15-те банки во Црна Гора изнесува 1,095 милијарди евра, што претставува зголемување од 113.000 евра во споредба со крајот на 2017 година.
Ова го покажуваат податоците од извештајот за работата на банкарскиот народен правобранител Халил Калач, кој беше доставен до црногорското собрание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Газа загина бугарски државјанин, вработен во Обединетите Нации

Бугарски државјанин, вработен во Обединетите нации, е убиен денеска во Појасот Газа, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на првични информации.
Министерството извести дека дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе добијат известување за исходот од истрагата за околностите на инцидентот спроведена од надлежните органи.
Шефот на бугарската дипломатија телефонски разговарал со својот израелски колега Гидеон Сар, кој им изразил сочувство на роднините на загинатиот Бугарин, објаснувајќи дека според досегашните податоци на израелските одбранбени сили, трагичниот инцидент во Газа не е поврзан со нивните акции на копно, воздух или вода.
Обединетите нации повикаа на истрага за нападот на две локации на ОН во Газа, за кој ОН соопштија дека уби еден од персоналот, а рани пет други.
„Генералниот секретар најостро ги осудува сите напади врз персоналот на ОН и повикува на целосна истрага. Тој нагласува дека сите конфликти мора да се водат на начин кој гарантира почитување и заштита на цивилите“, изјави заменик портпаролот на генералниот секретар Фархан Хак на прес-конференција.
Регион
Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ, констатирана е оставката на Вучевиќ

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека рокот за формирање нова влада почнува утре, 20 март, и изјави дека, според законот, новата влада треба да биде формирана до 18 април на полноќ.
Брнабиќ рече дека доколку до 18 април на полноќ не се формира нова влада, претседателот е должен да го распушти парламентот и да распише парламентарни избори.
Таа на прес-конференција во српското Собрание, по седницата на која беше констатирана оставката на премиерот Милош Вучевиќ, рече дека со констатацијата на оставката во парламентот и официјално е завршен мандатот на владата.
„Српскиот парламент, во согласност со член 132 од Уставот, ја призна оставката на премиерот, а со тоа и официјално заврши мандатот на Владата на Милош Вучевиќ. Од утре, 20 март, почнува рокот за формирање нова влада“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека, според Уставот, процедурата сега ја презема претседателот на Републиката, кој треба да предложи нов мандатар.
„Крајниот рок за формирање нова влада е 18 април на полноќ. Вучиќ треба да предложи мандатар, а мандатарот на Собранието да ги предложи програмата на новата влада и предлогот на членовите по што пратениците ќе се изјаснат за своите ставови“, изјави Брнабиќ.
Таа посочи дека доколку до тој рок не се избере нова влада, претседателот е должен да го распушти Собранието и да распише избори.
Како што наведе таа, изборите треба да се одржат од 45 до 60 дена од денот на распишувањето, што во овој случај би било почетокот на јуни.
Регион
Пленковиќ: Можеме да обезбедиме дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна

„Најпрвин да изразиме сочувство до семејствата и до Македонија за оваа голема трагедија во Кочани. Досега пет пациенти се префрлени од Северна Македонија во Хрватска“, рече премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
Како што рече, остануваат подготвени и може да помогнат да обезбедат дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна.
„Попладнево, во Загреб ќе престојува и министерот за надворешни работи и заедно со министерот Хрстиќ ќе ги посети пациентите“, додаде Пленковиќ.