Македонија
Димитров: Одбивањето на ЕУ ќе го наруши кредибилитетот на Владата и ќе ги зајакне националистичките сили
ЕУ ќе го изгуби влијанието на Западен Балкан и ќе ризикува зајакнување на руското и кинеското влијание ако не даде зелено светло за Северна Македонија за започнување на преговорите за пристапување во блокот, предупреди министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“ тој рече дека Брисел треба да ја препознае успешната приказна и да ја награди.
Димитров порача дека ЕУ треба да направи разлика на Балканот и нагласи дека нашата земја создала атмосфера во која би било речиси срамно да не се постигне консензус за нејзиниот случај.
Димитров го спомена решавањето на отворените прашања и предупреди дека одбивањето од страна на ЕУ ќе го наруши кредибилитетот на владата во Скопје и ќе ги зајакне националистичките сили.
„Тоа ќе биде обесхрабрувачки и за оние кои се обидуваат да ги решат другите важни билатерални спорови со кои се соочува регионот по распадот на поранешна Југославија“, изјави Димитров за „Фајненшел тајмс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

