Контакт

Европа

Илјадници Романци протестираа во повеќе европски градови откако не им беше дозволено да гласаат

Објавено пред

Илјадници Романци од дијаспората во неделата протестираа пред амбасадите и избирачките места низ цела Европа, откако многумина не успеаја да гласаат поради долгите редици.

dobivaj vesti na viber

Во Хаг, Холандија, разгневената толпа удираше по ѕидовите на амбасадата, откако на голем дел од гласачите не им беше дозволено да гласаат кога беа затворени изборите.

Полицијата беше повикана да ја смири толпата која извикуваше: „Сакаме да гласаме!“ и „Крадци!“

Слични протести се одржаа и во Брисел и во делови од Лондон, каде што многумина чекаа со часови да гласаат и на европските избори и на националниот референдум за антикорупциските закони.

Двојното гласање во неделата беше првиот голем тест за популарноста на владејачката партија ПСД, чија реконструкција на судството и промени во легислативата против корупцијата предизвикаа сериозни критики од Европската Унија и од САД.

Една Романка, која веќе десет години живее во Холандија, изјави за „Еуроњуз“ дека пристигнала на гласачкото место во 14:30 и поради долгата редица чекала до 21:00 часот, но не успеала да гласа, велејќи дека тоа што се случило е недемократско.

Стотици Романци во Луксембур и Лондон се соочија со истиот проблем.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина

Објавено пред

Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина следната недела, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

Функционерот на Кремљ, Владимир Медински, кој ја предводи руската делегација, е во контакт со својот украински колега, изјави Песков.

Обновувајќи ги разговорите по повеќе од три години, двете страни се сретнаа лице в лице во Истанбул на 16 мај и на 2 јуни, што доведе до серија размени на затвореници и враќање на телата на загинатите војници.

Сепак, не е постигнат никаков напредок кон прекин на огнот за кој Украина се залага со поддршка од Западот. Русија вели дека сака конечно решение, а не само пауза во борбите, и инсистира на територијални и други барања за кои Украина вели дека би значеле капитулација.

Конфликтот се интензивираше во последните неколку недели, при што Русија изврши некои од своите најтешки воздушни напади во војната, а Украина користеше беспилотни летала за да ги изненади воздушните бази и нанесе голема штета на руската флота бомбардери способни да носат нуклеарно оружје.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Пропалестински активисти упаднаа во британска база, велат дека оштетиле два авиона

Објавено пред

Пропалестински активисти упаднаа во воздухопловната база РАФ Бриз Нортон и испрскаа два воени авиони со црвена боја. Снимките објавени на веб-страницата на „Палестинска акција“ покажуваат две лица во воздухопловната база во Оксфордшир.

dobivaj vesti na viber

Едно од лицата вози скутер до танкер за полнење гориво во воздух „Ербас Војаџер“ и се чини дека прска боја во неговиот млазен мотор. „Палестинска акција“ соопшти дека авионите за полнење гориво биле „исклучени од употреба“, додека активистите успеале да го „избегнат обезбедувањето и апсење“.

Британското Министерство за одбрана остро го осуди „вандализмот врз имотот на Кралските воздухопловни сили“ и изјави дека тесно соработува со полицијата што го истражува инцидентот.

„Палестинската акција“ е вклучена во слични активности уште од почетокот на војната во Газа, а нејзините акции првенствено се насочени кон компаниите за оружје. Во мај, групата ја презеде одговорноста за боењето со спреј на американски воен авион во Ирска.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украина: Руските напади со дронови врз станбени згради предизвикаа огромни пожари

Објавено пред

Едно лице загина, а најмалку 14 други беа повредени кога руски беспилотни летала го нападнаа украинскиот град на Црното Море, Одеса, во текот на ноќта оштетувајќи високи згради и железничка инфраструктура, соопштија денеска локалните власти и обвинителите. Одеса, најголемото црноморско пристаниште во Украина, клучен центар за увоз и извоз, е под постојани руски ракетни и беспилотни напади од почетокот на војната.

dobivaj vesti na viber

„И покрај активната воздушна одбрана, оштетена е цивилна инфраструктура, вклучувајќи станбени згради, универзитет, гасовод и приватни автомобили“, изјави локалниот гувернер Олех Кипер на „Телеграм“. Кипер објави фотографии од запалени куќи и високи згради.

Локалните служби за итни случаи соопштија дека имало најмалку 10 напади со беспилотни летала врз станбени згради предизвикувајќи огромни пожари. Украинските воздухопловни сили денес соопштија дека Русија лансирала 86 беспилотни летала во Украина во текот на ноќта.

Војската соопшти дека нејзините сили за воздушна одбрана собориле 34 беспилотни летала, а 36 беспилотни летала биле изгубени, што укажува дека украинската војска ги пренасочила користејќи електронско војување или дека станува збор за симулатори на беспилотни летала што не носеле бојни глави.

Војската објави дека беспилотните летала погодиле осум локации. Украинската државна железничка компанија „Укрзализниција“ објави дека железничката станица во Одеса била оштетена за време на нападот, со оштетени далноводи и пруги. Неколку приватни и повеќекатни куќи биле оштетени во напад со беспилотни летала во Харков, североисточна Украина, во текот на ноќта, соопштија властите на Харков.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија55 минути

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија1 час

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи по насилниот инцидент порача дека тој...

Топ2 часа

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...

Македонија3 часа

„Вчерашното насилство е дел од сценарио што самиот Филипче го има направено пред еден месец во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет3 часа

Израелскиот министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет4 часа

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...

Свет5 часа

Русија: Убиството на врховниот лидер на Иран би ја отворило Пандорината кутија

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, изјави...

Свет5 часа

(Видео) Иран лансира нов бран ракети кон Израел

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до...

Свет6 часа

Шефицата на дипломатијата на Северна Кореја: Со Русија имаме најсилен, непобедлив сојуз

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија...

Свет6 часа

Израелци: Ирански проектил се отвори на висина од 7 км и се распрсна на мали бомби

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска...

Свет6 часа

Тајниот нуклеарен објект на Иран што може да го погоди само американска бомба

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој...

Свет13 часа

(Фото) Сателитските снимки покажуваат штета на иранскиот нуклеарен реактор во Арак

Нови сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс во близина...

Свет16 часа

Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели....

Македонија18 часа

Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ. Сообраќајот на...

Свет19 часа

Израелскиот министер за одбрана: Хамнеи не треба да постои

При посетата на местото на ракетниот напад утрово во Холон, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека врховниот лидер...

Свет19 часа

(Видео) Иран утрово испали ракети кон Израел: стотици повредени, повеќе од 70 во болница

Најмалку 240 лица беа ранети во иранските ракетни напади утрово, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на израелското Министерство за здравство....

Македонија21 час

(Видео) Клековски: Експерт за ампутации од Словенија ќе дојде за третман на повредените во Кочани кои имаат ампутирани прсти

Грижата за повредените во пожарот во Кочани ќе биде долгорочна, ќе трае онолку години колку што ќе имаат потреба и...

Свет21 час

Нетанјаху во ракетираната болница: Мојот син мораше двапати да ја откаже свадбата поради тревогата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, им се обрати на новинарите пред болницата Сорока во Бершеба, која претходно беше погодена од иранска...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласа досега

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на, како што рече, драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и...