Вести
Пронајдена втората црна кутија и 121 тело по несреќата со малезискиот авион
Спасувачките екипи ја пронајдоа втората црна кутија од малезискиот авион што беше соборен во четврток на истокот на Украина, додека до сега е пронајдено 121 тело од вкупно 298 патници и членови на екипажот.
Првата црна кутија од MH17 беше пронајдена во четврток од страна на проруските сили во Украина. Како што соопшти украинската прес служба за итни ситуации, до 7 часот во петок по локално време пронајдено е 121 тело на загинатите.
На лице место се наоѓаат 95 припадници на спасувачки екипи кои трагаат по телата на останатите загинати, пренесува Itar tass.
Според зборовите на потпретседателот на Malaysia Airlines Хуиб Гортер, кој им се обратил на новинарите на аеродромот во Амстердам ’Schiphol’, од кој што полета авионот за Куала Лумпур, во леталото имало 283 патници и 15 членови на екипажот. Од нив 154 биле од Холанѓани, 27 Австралијци, 23 Малезијци, 11 Индонезијци, шест Британци, четири Германци и исто толку Белгијци, тројца Филипинци и еден Канаѓанец, додека националноста на преостанатите загинати за сега не е позната. Сите 15 членови на екипажот биле Малезијци.
Украинското министерство за надворешни работи навело дека 23 биле американски државјани, а според зборовите на шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус во авионот имало најмалку четворица Французи.
Малезискиот патнички авион, кој леташе на линија Амстердам-Куала Лумпур, се урна во четврток во источна Украина, на околу 60 километри од границата со Русија, а никој од 298 патници не ја преживеа несреќата.
Украинските власти ја нарекоа несреќата „терористички чин“ и ги обвинија проруските сили дека го собориле авионот со противавионски систем BUK што им го доставила Русија, додека сепаратистите тврдат дека немаат такви ракети и дека авионот го урнала украинската војска.
Како што пренесуваат медиумите, во тек се разговори меѓу претставници на проруските сили и властите во Киев да се овозможи пристап на локацијата на меѓународните организации, потврдил премиерот на самопрогласената Доњецка народна република, Александар Борадај.
По несреќата, украинските власти го затвориле водушниот простор над истокот на земјата.
Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини украинските власти за падот на авионот, истакнувајќи дека тоа немало да се случи ако Киев повторно не ја почнеше воената офанзива против проруските сили на истокот на земјата.
По повод несреќата за денеска е закажана итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, а светските лидерии повикаа на меѓународна истрага.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.