Македонија
(Видео) Тасевска: Граѓаните да аплицираат за средства од социјалната реформа
Во тек е реализацијата на социјалната реформа со која системот за социјална заштита и трајно извлекуваме од сиромаштија добива целосна преобразба. Ги повикуваме тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчлените семејства со приходи до 15.000 денари, веќе од утре да се пријавуваат во локалните центри за социјални работи, за да може надоместоците да ги добијат со исплатата во текот на идниот месец, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
Според неа, со оваа многу значајна социјалната реформа се проширува достапноста на детскиот и образованиот додаток за 20 пати повеќе деца. Освен домаќинствата кои примаат социјална помош, право на овие додатоци ќе имаат и други домаќинства.
„Детскиот додаток што го користеа 3.200 деца, сега со оваа социјална реформа ќе го користат 73.500 деца. Пристап до образовниот додаток отсега ќе имаат 64.136 деца, наместо како досега, 3.800 дечиња. Корисниците на гарантираната минимална помош за првпат ќе добијат и детски додаток, како и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение сега се трансформира во право на додаток за образование.
Ја воведуваме и мeрката траен надоместок. Родител кој се грижел за дете со попреченост и не остварил право на пензија по друг основ може да се стекне со траен надоместок во висина од 8.000 денари месечно. Обезбедуваме и паричен надоместок на плата за оние родители кои го користат правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања. Накратко, социјалната реформа што се спроведува обезбедува повеќе пари кај граѓаните, ја намалува детската сиромаштија и ги унапредува правата на лицата со попреченост.Ги охрабруваме сите граѓани кои ги исполнуваат условите да се пријават со локалните центри за социјална работа за да ги остварат правата што им следуваат”, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

