Црна хроника
Тепачки меѓу ученици, еден ученик потешко повреден
Две тепачки меѓу ученици во Скопје и тетовско завршија со двајца повредени ученици, од кои еден е потешко повреден.
Еден ученик од основното училиште „Кирил Пејчинович“ од тетовското село Теарце, е тешко повреден откако негови соученици го нападнале во средата околу 9 часот, и го мавале со тупаници и клоци.Момчето побарало лекарска помош во амбулантата во селото каде што му биле констатирани видливи повреди на левата слепоочница.По извршениот разговор идентификувани се шест лица на возраст од 12 години. Во присуство на педагог и родителите извршен е разговор со момчињата по што издадени им се платни налози според Законот за нарушување на јавен ред и мир.Во средата попладне, во средното училиште „Михајло Пупин“ средношколци на возраст од 17 и 16 години вчера нападнале две години помлад соученик од истото училиште. Полицијата излегла на самото место, извршен е разговор и со оштетениот и со тепачите, по што издадени им се платни налози за нарушување на јавниот ред и мир./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

