Економија
МЗШВ: Со измените на Законот за земјоделско земјиште до правилна распределба на државното земјоделско земјиште
Владата на вчерашната седница го утврди новиот текст на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште. Со новите законски измени се овозможува правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата.
Законските измени предвидуваат низа можности кои не беа регулирани со посточкиот закон, а кои се од исклучително значење за земјоделците кои конкурираат на јавните огласи и повици, како и за ефикасна и поголема искористеност на расположливите обработливи површини.
Со измените се овозможува на земјоделско земјиште да се градат објекти за промоција на земјоделски производи, односно угостителски објекти и изградба на објекти за спортско-рекреативни активности. На овој начин се поедноставува постапка за добивање одобрение за градење на ваков типа објекти, ќе се зголемат инвестициите во ваков тип објекти од страна на земјоделските стопанства, ќе се зголеми искористеноста на ИПАРД-програмата, и ќе се придонесе за развој на рурални средини преку рурален туризам.
Една од клучните измени се однесува на младите земјоделци, односно младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот. Со оваа измена се овозможува поголема вклученост на младите во земјоделството и можност за почнување агробизнис.
Со законските измени се проширува намената на земјодолско земјиште кое може да се додели во закуп со можност и за поставување пчелни семејства, што ќе придонесе за развој на пчеларството преку зголемување на површините.
Новиот предлог за измени на постоечкиот закон им овозможува на земјоделските стопанства да можат да аплицираат на огласи за закуп сè до обезбедување површини од 10 хектари, и покрај тоа што веќе имаат веќе склучен договор за помали површини. На овој начин земјоделците ќе можат да обезбедат доволен фонд на земјиште со што ќе имаат исплатливо земјоделско производство.
Изменетите законски одредби предвидуваат и повеќе промени во однос на разкинување на договорите, склучувањето на договорите, пребивање со субвенции и друго. Така, со измените на закупците кои закупнината ќе ја плаќаат со пребивање ќе им се остави период од една година во која треба да достават решение за пребивање издадено од платежната агенција. Се отвора можност за склучување договор за закуп со физичките и правните лица на кои поради неплатена закупнина им е раскинат договорот за закуп, а земјоделското земјиште предмет на договорот е сè уште во нивно владение, под услов да достават доказ за платена закупнина со казнена камата за задоцнето плаќање за целиот период на важење на договорот. На овој начин ќе им се овозможи на земјоделците кои можеби поради економски или други причини не успеале да ја платат навремено закупнината и договорот им е раскинат во измината година да им се склучи нов договор под истите услови како и претходниот договор со цел да добијат шанса да го обработуваат земјиштето и да обебедат профитабилно производство.
Исто така, со новите законски измени се создава можност за воведување во владение на закупци кои имаат склучено договори за закуп, а и по истекот на една година сè уште не се воведени во владение. Со оваа новина ќе се реши еден наследен и долгогодишен проблем на земјоделците кои добиле договор за закуп на земјоделско земјиште, но од неразбирливи причини не по нивна вина не се воведени во владение повеќе од една година, а земјиштето е сè уште слободно, ќе можат да поднесат ново барање за воведување во владение на земјиштето и да бидат воведени во владение и да почнат да го обработуваат земјиштето.
Законските измени предвидуваат и нов рок за легализација на бесправно подигнати оранжерии, помошни објекти и објекти за примарна обработка на земјоделски производи до 31.07.2020 година, со што се создаваат услови земјоделците тие објекти да ги адаптираат за современо земјоделско производство со помош на искористување на европските фондови.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште, кој по утврдувањето на вчерашната седница на Владата на РСМ сега ќе влезе во собраниска процедура, предвидува и измени во делот на банкарските гаранции, бизнис-плановите, промена на култури и друго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.

