Спорт
„Црвено-црните“ го поместија терминот за концертот на Стинг
Викендов, во Келн, ќе се одигра завршниот турнир во ракометната Лига на шампионите. Дел од најдобрата европска четворка, трета година по ред ќе бидат и ракометарите на Вардар.
„Црвено-црните“, в сабота, во полу-финалето ќе играат против Барселона. Иако Барселона според обложувалниците се фаворити, Вардар е со реални шанси да игра во финалето.
На денот кога во Келн ќе се игра финалето, во Скопје, концерт ќе одржи легендарниот британски музичар, Стинг.
Поради ракометот и можниот пласман на Вардар во финалето, Стинг се согласил неговиот настап да биде поместен. Од „Авалон продукција“ дека целта е да им овозможат на сите оние што би го гледале евентуалното финале да им овозможат потоа и навреме да стигнат на концертот.
Во продолжение соопштението од „Авалон продукција“.
„Драги пријатели,
Со огромно задоволство Ве информираме дека менаџментот на STING покажа огромно разбирање на нашето барање, со желба да го споиме убавото со корисното.
Имено, бидејќи постои шанса ракометниот клуб „Вардар“ да игра во финалето на „Final Four“ во недела со почеток од 18 часот, првиот настап вечерта на Влатко Стефановски трио ќе почне во 20:30 часот, додека Sting ќе го видиме на големата сцена во 22:00 часот.
На ваков начин сите оние коишто дури и од дома би го гледале ракометниот пренос, би можеле да стигнат навреме и на концерт.
Официјална сааатница за недела:
Отворање врати: 17:45 часот
Влатко Стефановски трио: 20:30 – 21:30 часот
STING: 22:00- 00:00 часот
Се гледаме во недела на Градски!
Авалон Продукција“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус се распрашува за Мазрауи
Јувентус бара засилувања на бековските позиции и одлучи да се насочи кон фудбалер кој може да игра подеднакво добро како лев и десен бек.
„Газета дело Спорт“ пишува дека главна цел на „старата дама“ е Нусаир Мазрауи (25) од Манчестер Јунајтед.
Станува збор за играч кој се пресели од Баерн во Јунајтед во 2024 година за 15.000.000 евра, а во Италија веќе го привлече вниманието благодарение на својата техника и способност значително да придонесе во напаѓачката фаза.
Останува да се види дали Манчестер Јунајтед ќе биде спремен да го пушти или Јувентус ќе мора да се сврти кон други решенија.
Мазрауи моментално е на Африканскиот куп на нации во неговата земја и вечерва ќе го започне полуфиналниот натпревар на Мароко со Нигерија.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos

