Македонија
Милошоски за СЈО: Нема да дозволиме незаконски истраги
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на денешната собраниска седница рече дека нема да дозволат истраги на СЈО надвор од законскиот рок.
„Она што можам да го истакнам е дека е намалена динамиката на средби, како и на иницијативата која беше поголема од Министерството за правда. Не знам дали е тоа поврзано со најавените промени во Влада, но јасно е дека средбите речиси ги нема. Премиерот Зоран Заев истакнал дека има нови барања, ние сите наши барања, согласно препораките на судот во Стразбур, ги преточивме во 65 амандмани”, рече Милошоски. Тој додаде дека нивниот нв предлог е усно кажан и се однесува на новиот обвинител кој ќе биде на чело на ова обвинителство да биде со повисок просек од Правниот факултет.
„Сметам дека ДУИ и СДСМ ќе го прифатат џентлментски”, додаде тој.
Според Милошоски, 15 амандмани се посуштински. „Доколку сакаат да го подобрат текстот, би требало овие 15 да ги инкорпорираат во постојниот текст или да ги подобриме заедно, ако навистина имаат желба да се подобри овој закон. Моето мислење во однос на обвинителството и датумот за преговори е дека некој не ја говори вистината, односно Дане Талески, кој му е советник. Ако тој не му е добар треба да го тргне. Но, тој сега има анонимен советник кој има јаки врски со Макрон, па ќе видиме каде ќе го донесе”, рече Милошоски.
Што се однесува до спорниот член 105 од законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разговори, Милошоски рече дека членот 105 може да постои, но дека незаконити истраги нема да дозволат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

