Европа
Дански десничар сака да ги избрка сите муслимани од земјата
Данскиот адвокат Расмус Палудан, кој многупати досега бил обвинет за расизам, нацистички коментари и палење на Коранот, има шанси да стане пратеник откако неговата екстремно десничарска партија стекна популарност пред општите избори на 5 јуни.
Неговото политичко движење „Страм Курш“, кое се нарекува себеси партија за „етнички Данци“, сака да го забрани исламот и да ги депортира сите муслимани од Данска, пишува „Еуроњуз“.
Според една неодамнешна анкета, се очекува неговата партија да освои околу 2,3 отсто од гласовите, што би било доволно за да влезе во парламентот.
„Единствената агенда на партијата е да биде исклучително строга кон бегалците, имигрантите и особено муслиманите, а тоа привлекува мала група гласачи кои сметаат дека антиимиграциските политики секогаш можат да станат построги и радикални“, вели специјалистот за избори и професор по политички науки на Универзитетот во Копенхаген, Каспер Мелер Хансен.
Откако ја основал својата партија во јули 2017 година, Палудан се стекна го голем број следбеници на социјални платформи, но во последниве неколку месеци тој премина од виртуелна слава меѓу тинејџерите до обезбедување кандидатура за избори со собирање на потребните 20.000 дигитални потписи од гласачите.
Во април, еден дански суд го прогласи Палудан за виновен за расизам откако тврдеше дека луѓето од Африка се помалку интелигентни.
Во декември минатата година Палудан рече во едно свое видео: „Непријателот е исламот и муслиманите. Најдобро би било ако немаше ниту еден муслиман на земјата. Тогаш ќе ја постигнеме нашата крајна цел“.
Во април Палудан протестираше во етнички разновидната област Норебре во Копенхаген, каде што живеат голем број муслимани. Тоа предизвика насилни реакции и немири кои се проширија на неколку делови од главниот град.
Премиерот на Данска напиша на „Твитер“ дека ги отфрла бесмислените провокации на Палудан, кои немаат никаква друга цел освен да предизвикаат разединетост и порача дека на истите треба да се одговори со аргументи, а не со насилство.
Многу медиуми беа критикувани поради тоа што му отстапуваат простор на Палудан да ја промовира својата агенда.
Опозициската социјал-демократска партија се очекува да победи на изборите, откако тие прифатија построга миграциона политика, придобивајќи ги на тој начин гласовите на антиимиграциските гласачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

