Контакт

Книги

Објавена книгата „Педагошката делотворност на проф. д-р Никола Петров“

Објавено пред

Под уредништво на лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов e oбјавена книгата „Педагошката делотворност на проф. д-р Никола Петров“.

dobivaj vesti na viber

Во книгата се застапени три трилози кои го осветлуваат ликот и делото на проф. д-р Никола Петров, доајен на педагогијата во нашава земја. Како што е истакнато во книгата „проф. Петров, покрај неговата ангажираност во обликување и образование на наставнички и воспитувачки кадар, се посветува на научната и на издавачката дејност“.

Потврда за тоа е неговата библиографија, приложена во книгата, која содржи повеќе од двесте библиографски единици на книги и учебници, методички прирачници и дидактички материјали, како и статии, објавувани во периодиката, од повеќе воспитно-образовни подрачја, наменети за студентите на педагошките факултети и за студентите на факултетите во земјава и во странство, каде што бил ангажиран како професор.

Проф. д-р Никола Петров беше иницијатор, реформатор и иноватор. Има мошне богата дејност, проткаена со широк спектар на општествена ангажираност и ефикасност на полето на образованието, на научноистражувачката работа, на издавачклата дејност и на доживотното образование.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија7 часа

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија9 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија9 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија10 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија11 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија12 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет12 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ13 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет14 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет14 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет15 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет15 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа16 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет16 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет17 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија1 ден

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија1 ден

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија1 ден

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...