Спорт
Две желби еден трофеј, голема неизвесност во финалето на Лигата на шампиони
На големиот стадион „Ванда Метрополитано“ вечерва ќе се случува англиската битка во Лигата на шампионите, меѓу Ливерпул и Тотенхем. Нивните навивачи имаат 33.226 билети за финалето , а се проценува дека од 70.000 до 100.000 навивачи веќе се пристигнати во шпанскиот главен град, многумина без билети, но само да бидат дел од таа атмосфера.
Навивачите на Ливерпул и Тотенхем го обиколија стадионот уште од петокот изутрина, во потрага по ексклузивен златен билет, повремено сокривајќи се под сенка поради високите температури. Центарот на градот е украсен во црвено од Ливерпул и бело од Тотенхем, а навивачите се собраа на плоштадот Плаза Мајор, центарот на Стариот Мадрид и фонтаната Чибеле, каде што Реал Мадрид го донесе трофејот на Лигата на Шампионите по неколкуте триумфи во последните години. Околу 9.000 летови вчера полетаа од Велика Британија вчера, што го надминува претходниот рекорд за летови во рамки на еден ден. Мадридскиот аеродром очекува дополнителни 800 летови.
Клоп и Покетино беа во неверојатно релаксирано расположение пред натпреварот, кој ќе го привлече светското внимание, во правец кон шестиот трофеј за Ливерпул или првиот за Тотенхем. Двата тима се среќаваат во сеанглиското финале на Лигата на шампионите, вечерва, првпат по 2008 година, во главниот град на Шпанија.

Групите на навивачи на Ливерпул и Тотенхем дадоа заедничка изјава за издавањето билети, жалејќи се на “минимална распределба од УЕФА” за финалето – само 50 проценти од капацитетот на стадионот се распределени на навивачите од двата тима. Двете групи повикаа на разумност во однос на цените на билетите, транспарентност околу распределбата на истите и заштита на самите навивачи во однос на цените за хотелско сместување и цените на летовите.
Зголемувањето на цените на летовите исто така привлече внимание кај градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам, кој побарал лично да се информира од ниско-буџетната компанија Изиџет зошто некои цени се зголемени за 683 отсто. Некои навивачи одлучија да патуваат со автомобил, поминувајќи повеќе од 1.600 километри до Мадрид.
Со влезници кои имаат номинална вредност од 500 фунти за некои места во стадионот, веб-сајтовите за претпродажба продаваат билети за 5.500 фунти. Еден навивач изјави дека нему и на неговите пријатели им биле понудени 15.000 фунти за нивните четири влезници од по 60 фунти. УЕФА издаде соопштение до навивачите за голем број на лажни влезници што се продаваат на црниот пазар. Во него стои: “Направени се апсења на тие што продаваат лажни влезници. На тие што ги поседуваат нема да им биде дозволен влез на стадионот”.
Во однос на прогнозите, повеќето букмејкери предвидуваат Ливерпул да го подигне трофејот, со шанса од 1-2, а на Тотенхемсо шанса од 13-8. Статистичарите Грејснот, исто така, го фаворизираат Ливерпул. Нивниот шеф на Шефот на спортски анализи, Сајмон Глив, рече: “Ливерпул е голем фаворит да победи со нашиот Евро клупски индекс (ЕКИ)”, давајќи им 70,5% шанси за подигнување на трофејот. “Сепак, шансите на Тотенхем од 29,5 отсто да го направат тоа, е подобар од нивната шанса да стигнат до финалето, во текот на вториот натпревар од полуфиналето против Ајакс. Приказната на Тотенхем во Лигата на шампионите оваа сезона беше извонредна, почнувајќи од напредокот од групната фаза по само освојување на еден поен од првите три натпревари и извонредното враќање во Амстердам, во последниот натпревар. Тотенхем во моментов е рангиран на 10-тото место според Еуро Клуб индексот, што е седум места подолу од трето рангираниот Ливерпул, и во суштина ќе бидат најниско рангирани победници на Лигата на шампионите ако победат, откако постои ЕКИ од 2007 година “.
Ливерпул, кои загубија од Реал Мадрид во финалето минатата година, завршија две места и 26 поени пред Тотенхем во Премиер лигата. Нивниот стил на игра е за пофалба оваа сезона, а нивните 97 поени и еден пораз, се англиски рекорди за тим кој завршува во самиот врв, како второпласиран. Но, тие не освоија ништо од пристигнувањето на тренерот Јирген Клоп во 2015 година, а Германецот ги загуби последните шест финалиња, вклучувајќи го и финалето на Лигата на шампионите во 2013 година со Борусија Дортмунд и минатата година со Ливерпул.
Ливерпул петпати го има освоено Купот на европските шампиони или Лигата на шампионите, последниот пат во 2005 година. Од тогаш тие двапати се финалисти – поразени во 2007 година од Милан и минатата година од Реал.
Спротивно на тоа, ова е првото финале на Тотенхем во Лигата на шампионите. Тие немаат освоено ниту еден трофеј во изминатите 11 години, последен пат го освоија англискиот Лига Куп во 2008 година.
Поранешниот шеф на Еспањол и Саутемптон, Маурисио Покетино, го очекува првиот трофеј во неговата тренерска кариера и навести дека би можел да замине и да се врати во неговата родна Аргентина доколку го постигне тоа. Исто така спомна дека начинот на кој клубот работи во моментов треба да се промени.
Ова е второ од двете сеанглиски финалиња за една недела, откако Челзи го победи Арсенал со 4-1 во Баку, Азербејџан, во средата и ја освои Лига Европа. Единствениот претходен финален натпревар во Лигата на шампионите со два англиски тима беше финалето во 2008 година, кога Манчестер Јунајтед го совлада Челзи на пенали.
Најголемото прашање во врска со составот на Тотенхем е дали ќе започне напаѓачот Хари Кејн.
Капитенот на Англија, кој постигна 24 гола за Тотенхем оваа сезона, вели дека е “подготвен да игра”, после опоравувањето од повредата на лигаментите на левиот глужд. Покетино во петокот рече дека не донел конечна одлука за негиот стартен состав, поради тренингот таа вечер. Од друга страна, Клоп изјави дека напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, е подготвен, по повредата на препоните, иако не потврди дали Бразилецот ќе почне, посочувајќи дека не сака да ја открива поставата пред Тотенхем да ја објави својата. Играчот од средниот ред, Наби Кеита, дефинитивно нема да игра поради повреда.
Патот на двата тима до финалето беше подеднакво драматичен. Ливерпул ја победи Барселона со 4-0 на Енфилд за да ја поништи негативата од 3-0. Лукас Мура од Тотенхем постигна втор хет-трик, така што, Тотенхем со предност од головите на гости се пласираше понатаму. Двата тима тесно поминаа во своите групи, така што Ливерпул ги загуби сите три натпревари на гостински терен. Тотенхем во рок од 20 минути беше на работ на елиминација пет пати – во секој од последните три групни натпревари, четврт-финалето против Манчестер Сити и полу-финалето против Ајакс, кога секунди ги делеа од пораз. Всушност, било кој што ќе победи во финалето во сабота, ќе има загубено повеќе натпревари во Лигата на шампионите во рамки на една сезона (четири), повеќе од било кој во актуелниот формат на натпревари, започнат во 2003-04. Претходно, тоа беше Милан со три порази, кога ја освои Лигата на шампионите во 2007 година. Ова е првиот финален меч помеѓу две екипи кои не биле први во своите групи, по 2010 година.
Од Мадрид за „Макфакс“, Кристијан Ландов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роналдо му се восхитува на Доналд Трамп
Фудбалерот на Ал Наср и еден од најдобрите фудбалери и најпопуларните спортисти на 21 век, Кристијано Роналдо, му се восхитува на американскиот претседател Доналд Трамп.
Поранешниот легендарен играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус го пофали Трамп за работата за постигнување мир во Газа.
„Доналд Трамп е еден од луѓето кои можат да помогнат да се промени светот“, рече Роналдо во интервју со Пирс Морган.
To President @realdonaldtrump.
Playing for peace. As a team. pic.twitter.com/iLGAmbmu0J
— António Costa (@eucopresident) June 16, 2025
Исто така, Роналдо му испратил потпишан дрес на Доналд Трамп преку неговиот сонародник Антонио Коста, претседателот на Советот на Европа.
Можеби овие чувства на португалскиот фудбалер кон републиканскиот претседател не се чудо, со оглед на тоа што според признанието на неговата мајка, тој го добил името по друг републикански претседател, Роналд Реган.
Спорт
Дезире Дуе е „Златно момче“ за 2025 година
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во 2025 година.
Дуе ја наследи традиционалната награда што ја доделува италијанскиот спортски весник од Торино „Тутоспорт“ од Ламин Јамал од Барселона, кој ја освои минатата година.
Наградата „Златно момче“ се доделува на најдобриот млад играч под 21 година.
Во текот на 2025 година, Дуе ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Купот и Суперкупот на Франција, Суперкупот на Европа со Пари Сен Жермен, а играше и во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА, каде што Парижаните неочекувано беа поразени од Челзи.
Во вкупно 61 натпревар, тој постигна 16 гола и забележа исто толку асистенции. Тој ја доби и наградата за MВП за најдобар играч на финалето на Лигата на шампионите.
Дуе е четвртиот Французин кој ја освоил оваа награда, прв по Килијан Мбапе во 2017 година. Претходно лауреати беа Пол Погба во 2013 година и Антони Марсијал во 2015 година.
Спорт
Даумен стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампионите
Арсенал славеше против Славија од Прага со 3:0 во четвртото коло во Лигата на шампионите. Натпреварот во Прага го одбележа фудбалерот на Арсенал, Макс Дауман.
Младиот играч влезе во игра во 73-та минута и влезе во историјата станувајќи најмладиот играч што настапил во Лигата на шампионите.
Дауман има само 15 години и 308 дена и со тоа стана најмладиот фудбалер што играл во ова престижно клупско фудбалско натпреварување.
Овој рекорд претходно го држеше Јусуф Мукоко, кој дебитираше на 16 години и 18 дена.
Дауман веќе го имаше своето деби во Премиер лигата во дресот на Арсенал во август оваа година во натпреварот против Лидс.

