Вести
Џихадистите заробија 20 турски војници во Сирија, владата бара интервенција
Џихадистите од Исламската држава заробија 20 војници на турската армија во сириската провинција Халеб (Алепо), пренесе либанската телевизија al- Mayadin, а турската исламско-кознервативна влада доцна ноќта кон средата објави дека на парламентот му поднела предлог за кој ќе се разговара во четврток и со кој на армијата ќе ѝ се овозможи да интервенира против џихадистите во Ирак и во Сирија.
Според либанската телевизија, заробените турски војници го штителе гробот на предокот на владетелската династија на Османлиската империја Сулејман Шах, кој се наоѓа на сириска територија, но во договор со сириските власти за неговата безбедност се грижи Турција.Гробот на Сулејман Шах, дедото на османлискиот султан Осман Први, се наоѓа во близина на тврдината Џабер во близина на сириската метропола Алепо, во која до пред граѓанската војна започната во март 2011 година мнозинство од населението го сочинуваа алавитите (шиитите) и христијаните. Според договорот од 1921 година, гробницата е прогласена за турска енклава во Сирија и е постојано заштитувана од турската армија.Претходно за заштита на гробницата од можни напади на милитантите на Исламската држава, претходно зборуваше турскиот заменик премиер Булетн Аринч. Тој, исто така, изјави дека владата побарала од парламентот да го усвои барањето за употреба на воена сила во Сирија и во Ирак.Всушност со овој предлог за една година треба да се продолжи мандатот кој турската армија веќе го доби за интервенција во соседните земји, и предвидува можност за изведување воени операции на териториите на Ирак и на Сирија кои граничат со Турција, како и за стационирање и минување на странски војници низ земјата, изјави Аринч.„Текстот ги опфаќа сите опции. Ќе се одори сеопфатен мандат, така што во иднина нема да ни биде потребен нов предлог. Тоа е добар предлог, којшто, се надевам, ќе наиде на едногласно прифаќање“, рече Аринч за новинарите.Со овој владин предлог се прошируваат двата различни текста за коишто парламентот во Анкара гласаше секоја година. Документот всушност ѝ овозможува на Турција да „стори сѐ“ за да „на јужната копнена граница ги отстрани заканите по националната безбедност, коишто значително пораснаа“ по избувнувањето на граѓанската војна во Сирија во март 2011 година. На турската армија, исто така, ѝ се овозможува да „учествува, доколку е потребно, во акции и интервенции надвор од границите и за таа цел да испраќа војници во други земји“, се наведува во предлогот. Сунитска Турција којашто ја поддржува сунитската вооружена опозиција во борбата против шиитскиот претседател Башар ал-Асад, со Сирија има граница долга 1.250 километри. Во почетокот одбиваше да учествува во воената интервенција на коалицијата којашто ја предводат САД против џихадистите од Исламската држава, сепак сега го промени мислењето. САД бараат од Турција да ги интензивира напорите за борбата против Исламската држава по кризата со 46 турски државјани, како и тројца ирачки службеници кои беа земени во заложништво од Исламската држава на почетокот од нејзината офанзива на 8-ми јуни кога го освоија вториот по големина ирачки град Мосул, а беа ослободени на 22-ри септември. Анкара досега инсистираше на самостојни одлуки и повеќепати нејзините челници соопштија дека земјата нема да земе учество во интервенцијата, но ќе дејствива во заштитата на своите национални интереси.САД од минатата седмица со петте сунитски арапски земји презема воздушни напади врз позициите на џихадистите во Сирија, од групите Исламска држава, Џебхат (Фронтот) ан-Нусра и Хорасан во провинциите Рака, Алепо и Деир ез-Зор на северот, истокот и североистокот на Сирија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.