Контакт

Вести

САД ги нормализира односите со Куба во драматична промена

Објавено пред

САД и Куба се приближуваат до нормализацијата на дипломатските односи кои повеќе од половина век беа прекинати, ќе објави американскиот претседател Барак Обама во среда навечер, и тоа ќе претставува историско придвижување во политиката, а претходно во средата агенциите јавија дека Куба по пет години во затвор го ослободила американскиот хуманитарен активист Алан Грос во текот на размена на заробеници со САД, што во Вашингтон беше оценето како навестување за новата американска политика кон Хавана.

dobivaj vesti na viber

Високи американски функционери коишто го прегледуваат говорот на претседателот Барак Обама закажан за среда навечер по средноевропско време, за Reuters велат дека САД и Куба ќе разговараат за отворање амбасади во главните градови.

Претходно во вторникот американскиот претседател за тие промени речиси еден час зборувал телефонски со кубанскиот претседател Раул Кастро.

Обама, исто така, планира да го започне процесот за укинување на долгогодишното трговско ембарго на САД против Куба, како дел од низата промени во односите кон оваа комунистичка островска држава во Карибите, рекол неименуван избор од американскиот Конгрес. Напредокот ќе значи олеснување на трговијата и транспортот од САД во Куба, додаваат изворите.

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе го разгледа и статусот на Куба како „држава спонзор на тероризмот“. Функционер рекол дека политиката се менува поради уверувањето кај администрацијата на Обама дека американското ембарго против Куба не дејствува.

Американските функционери претходно известија дека хуманитарниот активист Алан Грос е ослободен по пет години од Куба поради хуманитарни причини, а американската телевизиска мрежа CNN известува дека во тек на размената на заробеници Куба ослободила и еден американски разузнавач, додека САД на слобода пуштил тројца кубански државјани.

Кубанците сега 65-годишниот Грос го уапсија на 3-ти декември 2009 година а потоа подизведувачот на Американската агенција за меѓународен развој (USAID) го осудија на 15 години затвор за увоз на забранети технологии и обид за воспоставување тајни интернет услуги за кубанските Евреи. Неговиот случај предизвика сомневања поради практиката на USAID во непријателски расположените земји кон САД да испраќа за тајни задачи да ангажира приватни лица, забележува CNN.

Куба и САД се во непријателски односи повеќе од 50 години, а поради ваквата одлука американските медиуми претпоставуваат дека е сигурно оти Обама во Вашингтон и во кубанската заедница на Флорида ќе биде жестоко критикуван, особено поради ослободувањето на тројцата Кубанци осудени дека се припадници на тамошната разузнавачка служба, откако во американските затвори минаа 16 години. Тие се, имено, убедени дека нивното ослободување на Куба ќе биде толкувано како победа на Раул Кастро./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта“, прашува СДСМ

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да...

Свет2 часа

(Фото) Разорени куќи, уништени возила: како изгледа селото во Јужна Кореја каде воен авион случајно фрлил бомби

Разорени куќи, уништени возила… Ова се ужасните сцени во Почеон, Јужна Кореја, каде воен авион случајно исфрли бомби, при што...

Европа2 часа

Орбан му напиша на шефот на Европскиот совет: „Мораме директно да преговараме со Русија“

Лидерите на Европската унија денеска се собираат во Брисел за да најдат одговор на драстичната промена на САД во поддршката...

Европа3 часа

Денеска е големиот самит на ЕУ: „Европа е пет минути до полноќ“

Додека 27-те лидери на ЕУ се собираат во Брисел, тие се свесни дека безбедносниот поредок воспоставен по 1945 година –...

Свет3 часа

(Видео) Корејски воен авион случајно фрли осум бомби, при што беа повредени најмалку седум лица

Најмалку седум лица се повредени откако јужнокорејски воен авион случајно фрли бомби надвор од полигонот Сеунџин во Почеон, Јужна Кореја....

Свет4 часа

Трамп му се закани на Хамас: Веднаш вратете ги сите тела на луѓето што ги убивте или за вас е готово

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Хамас со „последно предупредување“ и ги повика да ги ослободат сите заложници...

Свет4 часа

(Видео) Канаѓаните масовно ги бојкотираат американските производи: „Американо“ стана „Канадијано“

Во незапамтено прикажување на националното единство, Канаѓаните се здружуваат во бојкот за да одговорат на ескалацијата на трговските тензии со...

Свет14 часа

(Видео) Макрон: Мора да се подготвиме, САД можеби повеќе нема да бидат со Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон  и се обрати на јавноста пред утрешниот самит на Европската унија во Брисел. Макрон утрово на...

Свет15 часа

Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето ноќно обраќање, Зеленски...

Топ16 часа

Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот...

Македонија17 часа

Напаѓачите се осудени, но мотивот омраза не е докажан, oбјави адвокатот на Пендиков

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени...

Македонија19 часа

Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања...

Македонија20 часа

Мицкоски инспириран да бара уште евтини пари како унгарските поради огромниот интерес: Бизнисот ни е гладен

Бизнис-заедницата покажала интерес за повеќе од 250 милиони евра, пари од унгарскиот кредит, кои Владата ги намени за компаниите во...

Македонија22 часа

Мицкоски не се сретнал со Груевски во Будимпешта, но рече дека набргу и со докази ќе покаже дека функционери од СДСМ и ДУИ се среќавале

Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Будимпешта изминативе денови не се сретнал со избеганиот поранешен премиер од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски....

Македонија24 часа

Запленети 18 килограми сребро, облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки

Царинските службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на околу 18 килограми сребрен накит...

Македонија24 часа

Детето врз кое падна гранка од дрво во Карпош е хоспитализирано и сè уште е под опсервација

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина...

Македонија24 часа

Разрешен Сашо Дранго, кој се фотографира со убиена мечка, на негово место во „Македонијапат“ доаѓа Александар Шуковски

Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонијапат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од...

Македонија1 ден

Аспарагус, папаја, манго, леб за 440 денари за Владата, а народот тоне во сиромаштија, велат од Левицата

Додека платите на работниците не стигаат ниту за покривање на сметките за струја, владиниот врв се гоштева на грбот на...

Топ1 ден

Загина велосипедист: уапсен 26-годишен скопјанец кога со возилото удрил во него

Денеска во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со...

Свет1 ден

Внукот на Де Гол: Украина беше искористена за почнување војна против Русија

Украина ja искористија како инструмент за да предизвикаат војна против Русија, изјави Пјер де Гол, внук на генералот Шарл де...