Контакт

Европа

(Видео) Крузер и туристички брод се судрија во Венеција, повредени пет лица

Објавено пред

Пет лица се полесно повредени во судар на крузер и туристички брод во Венеција.

dobivaj vesti na viber

Италијанските медиуми јавија дека две лица се префрлени во болница.

До сударот дошло во каналот Џудека. Противпожарната служба објави дека ситуацијата е ставена под контрола.

Европа

Фицо погоден со два куршума, едниот му поминал низ стомакот, Словаците шокирани: „Немаме зборови“

Објавено пред

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан вчера по состанокот на владата, на речиси 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ. Премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница.

dobivaj vesti na viber

Според последните информации на словачките медиуми, Фицо бил опериран и буден, а операцијата траела пет часа. Напаѓачот е уапсен на самото место и се вели дека е 71-годишниот Јурај Цинтула, словачки писател. Атентаторот на распит рече дека пукал во премиерот затоа што не се согласувал со политиката на владата.

Цинтула е основач на Литературниот клуб „Духа“ и член на Друштвото на словачките писатели. „Скај њуз“ пишува дека се верува дека атентаторот е поранешен чувар.

Додека Словаците утрово патуваа на работа, многумина сè уште се обидуваа да се справат со веста за атентатот. „Немам зборови за ова. Ова никогаш не требаше да се случи во 21 век, без разлика за кого гласате“, рече Марија Сабо, сопственичка на продавница во главниот град Братислава.

„Нашата земја оди во погрешна насока“, додаде таа.

Вицепремиерот Томаш Тараба потврди за Би-би-си дека животот на Фицо повеќе не е во опасност.

Тој рече дека едниот куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил во зглобот.

Министерот за одбрана Роберт Калинак на прес-конференција најави дека во текот на денот ќе даде повеќе информации за состојбата на премиерот Роберт Фицо., а сега оди во Братислава на седницата на владиниот совет за безбедност, која почнува во 11 часот.

Прикажи повеќе...

Европа

Двегодишната Софи родителите ја капеле во топла вода и ѝ предизвикале изгореници, од страв не повикале помош: телото го пронашла нејзината баба

Објавено пред

Бабата на двегодишното девојче Софија, кое во понеделникот беше пронајдено починато во нејзиниот стан, за германските медиуми раскажа како се случила трагедијата.

dobivaj vesti na viber

Кристин (63) живее во станот над оној во кој живеела Софија со родителите и братот и сестрата.

„Тој ден изгледаше нормално. Ја хранеше својата кукла, си играше со неа, а потоа наеднаш стана многу бледа. Престана да се движи”, ја почнува својата исповед бабата Кристин.

Таа веднаш повикала брза помош, но кога лекарите пристигнале во станот, не успеале да ја спасат Софија.

Иако резултатите од обдукцијата не се целосни, се верува дека девојчето починало од изгорениците што ги добило.

„Сакав да ја истуширам. Додека ја бањав, таа рече дека водата е многу ладна. Кога ја зголемив топлината, врела вода се истури по нејзиниот грб. Јас сум виновен“, рекол таткото Андре.

Мајката вели дека девојчето не плачело по туширањето.

„Како може дете да издржи толку болка, не ни врескаше. Тие изгореници не изгледаа страшно, повеќе личеа на изгореници од сонце“, вели мајка ѝ Надин.

Родителите одбиле да повикаат брза помош бидејќи се плашеле дека социјалните служби ќе им ги однесат децата.

Сличен инцидент се случил и минатата година кога таткото ја спуштил малата Софи во када. Притоа девојчето скршило ребро и бутна коска.

„Поради тоа и поради моите проблеми со дрогата, шест недели ни ги одзедоа децата. Сакавме да го спречиме тоа овој пат“, вели расплаканиот татко.

Полицијата интензивно го истражува овој случај, а грижата за нивните деца ја презеде Центарот за социјална работа.

Телото на девојчето е испратено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ и НАТО бараат од грузиската влада да го повлече спорниот „руски закон“

Објавено пред

Европската Унија и НАТО денеска ја предупредија Грузија дека со усвојувањето на законот за странски агенти, колоквијално наречен руски закон, се оддалечува од своите евро-атлантски аспирации и ја повикаа владата да го почитува правото на мирни протести.

dobivaj vesti na viber

„И покрај големите протести и недвосмислените повици на меѓународната заедница, владејачкото мнозинство го усвои законот за транспарентност на странски влијанија. Европската Унија јасно и постојано кажува дека духот и содржината на тој закон не се во согласност со основните норми и вредности на ЕУ“, се вели во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Грузискиот парламент усвои закон со кој невладините организации финансирани од странство се назначуваат како странски агенти.

Европската Унија беше критикувана за нејзината задоцнета реакција на настаните во Грузија, која доби кандидатски статус во декември минатата година. Првата идеја беше Борел да издаде изјава во име на сите 27 земји членки, но тоа пропадна поради несогласувањата меѓу Унгарија и Словачка. По тоа, се потроши многу време за да се договори изјава меѓу Борел и комесарот за проширување, Оливер Вархељ, унгарски член на Комисијата, чија земја е најголемиот поддржувач на Русија во ЕУ.

Законот за странско влијание предизвика големо незадоволство во Грузија и донесе многу демонстранти на улиците. И покрај тоа, проруската владејачка партија Грузиски сон упорно го носеше законот. Со политиката на владејачкото мнозинство не се согласува и проевропската грузиска претседателка, Саломе Зурабичвили.

„Усвојувањето на овој закон има негативно влијание врз напредокот на Грузија на патот кон ЕУ. Изборот на патот напред е во рацете на Грузија. Ги повикуваме грузиските власти да го повлечат законот и да ја задржат својата посветеност на патот кон ЕУ“, се вели во изјавата на Борел.

На донесувањето на законот реагира и НАТО. „Одлуката на грузиската влада да го донесе законот за странски агенти е чекор во погрешна насока и ја оддалечува од европските и евро-атлантските интеграции. Ја повикуваме Грузија да го промени курсот и да го почитува правото на мирни протести“, изјави портпаролката на НАТО, Фарах Даклала.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од договорот од Преспа сè додека не постои целосно усогласување со одредбите. Воедно,...

Македонија2 часа

Љупчо Палевски-Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шуто Оризари

Љупчо Палевски-Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, ја помина првата ноќ во...

Свет2 часа

ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“

Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел...

Свет2 часа

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, изјави вицепремиерот

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност по вчерашното повеќекратно застрелување во обид за атентат, изјави вицепремиерот....

Свет2 часа

Атентат на Роберт Фицо: министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка

Словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток, денеска ќе побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за...

Свет3 часа

Три лица загинаа во авионска несреќа во Тенеси

Три лица загинаа откако мал авион се урна во американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти. Очевидец ја пријавил експлозијата...

Македонија13 часа

Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој...

Македонија13 часа

Палевски екстрадиран, по пет месеци, стигна во Шутка

Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција. Палевски со...

Македонија17 часа

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда во случајот Митровска за неможноста да добие информации кои се нејзините биолошки...

Македонија18 часа

Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не сакала да реагира

Прерседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не ги пријавила во полицијата, се’...

Македонија19 часа

Директорот на „Идризово“ за изгорениот автомобил: Ова се подмолни работи од кукавици, ќе се справиме со нив, најдени се траги

Службениот автомобил на директорот на затворот „Идризово“ е седмиот изгорен автомобил на вработен во затворот во изминатата една и пол...

Македонија20 часа

Османи очекува Управниот суд да ја преиначи одлуката за прегласувањето, најави и пријави за членовите на ДИК

Домашната и меѓународната јавност беа сведоци на еклатантното кршење на процедурите во Државната изборна комисија и партиската и институционалната кражба...

Македонија22 часа

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Тој е врвен професионалец, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Вработените на Клиниката за токсикологија преку писмо застанаа во одбрана на својот колега Нико Беќаровски за кој претходно Министерството за...

Македонија22 часа

Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа, докторот најави тужба и тврди дека објавената изјава е лажна

Министесртвото за здравство упати обвинувања за докторот од Токсикологија, Нико Беќаровски, дека ги навредувал Албанците на национална основа. Изјавата е...

Топ22 часа

МВР со детали за запаленото возило на директорот на „Идризово“: Пожарот зафати дел од фасада на зграда и балкони

Денеска, околу 3.35 часот, во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода било...

Регион1 ден

(Видео) „Ги зедов да ги заштитам“: првите зборови на таткото што ги држеше децата како заложници во Драч

Алекс Марку (40), кој синоќа во Драч со часови ги држеше во заложништво своите две малолетни деца додека пукаше со...

Топ1 ден

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”

Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил ,,пасат” на Зоран Јовановски, директорот на затворот ,,Идризово”. „На 15.05.2024 околу 03.35 часот...

Свет1 ден

„Раѓаме бебиња само за да ги изгубиме“: плачот на мајките од Газа чии деца беа убиени во нападите

Раним Хиџази се сеќава дека цврсто го држела својот едногодишен син Азуз пред израелскиот воздушен напад. Дронот што лета над...

Свет1 ден

Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа највисоко ниво и покрај меѓународните предизвици

Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на неговата дводневна државна посета на Кина, која започнува утре, изјави дека координацијата на...

Свет1 ден

(Видео) Немири во Нова Каледонија поради реформите, гореа згради и училишта, еден убиен

Повеќе од 130 лица се уапсени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопшти француската...