Спорт
„Охрид ТрчаТ“: Дождот не ги попречи учесниците да стигнат на целта

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски и српската атлетичарка Теодора Симовиќ победија на десет километарската трка која се одржа во склоп на Атлетската манифестација Охрид трчаТ.
Ивановски десеткилометарската делница ја помина за 31 минута и 55 секунди и стигна до втората победа на Охрид трчаТ. Ивановски победи во првото издание одржано 2017 година. Симовиќ која годинава дебитираше и победи десетте километри ги истрча за 37 минути и 56 секунди.
„На Охрид трчаТ учеството го имаа пријавено 1 585 натпреварувачи. Настанот беше емитуван во живо, а на учесниците не им попречи ниту дождот кој само беше уште еден декор во ново фантастично издание на Охрид трчаТ“, велат организаторите на настанот.
Трета година по ред втората позиција во машка конкуренција ја зазеде Милош Ранчиќ кој имаше време (34:17), додека третопласиран финишираше Муџахит Мислимоски со (34:41). Во женска конкуренција двократната шампионка Адријана Поп Арсова се закити со сребреното одличје со време (39:10), а бронзата и припадна на Бугарката Билсерин Сулејман (40:41).
Во рекреативната трка на 5 километри најбрзи беа Кристијан Стојани со време (18:33) односно Елена Даниловска со време (24:17). Во машка конкуренција на тим билдинг трките на 10 и 5 километри победници се Делта односно Ласовски Дентал, додека во женска конкуренција на 10 километри најбрзо беа членовите од Најк Ран клуб, а на пет први финишираше тимот на Лица со ретки болести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

РЕ-Балканкан
Ѓоковиќ добил Златна виза, со семејството ќе живее во Атина

Грците со гордост објавуваат дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се пресели во оваа земја со своето семејство и ќе започне ново поглавје во својот живот.
Грчката веб-страница „Glow.gr“ подготви голем текст за Новак Ѓоковиќ, објаснувајќи ја позадината на неговата одлука да ја направи Атина своја нова база.
„Неговата одлука не дојде туку така, туку е последица на неговата врска со Грција, која се зајакна со текот на годините.“
Заедно со неговата сопруга Јелена, тој ја посети Грција неколку пати, со семејни одмори на Крит и Миконос и направи поклонение на Света Гора, која има големо духовно значење за него. Од 2024 година започнаа неговите официјални контакти со грчката влада со цел да добие Златна виза. Семејството Ѓоковиќ бара идеален дом за своите деца, а акцентот е ставен на мирно, безбедно соседство кое е поврзано со природата.
Љубовта на Новак кон Грција не е ограничена само на културата и природата. Тој постојано нагласуваше дека бил трогнат од топлината на луѓето, рамнотежата помеѓу традицијата и модерноста, духовноста на православието и неговата поврзаност со монасите на Света Гора.
Постојат и практични причини: Атина е блиску до повеќето градови каде што се одржуваат турнирите, има одлична медицинска и образовна инфраструктура, а се развива и во деловен поглед.“
Во заклучокот на текстот се наведува дека Ѓоковиќ е една од највлијателните личности во светот на спортот.
Спорт
Лукас Нмеча е првото засилување на Лидс

Повратникот во Премиер лигата на Англија, Лидс го обезбеди потписот на германскиот напаѓач Лукас Нмеча, кој со тоа ќе стане првото засилување на клубот за следната сезона.
Нмеча се враќа во англискиот фудбал, бидејќи ја започна својата кариера во Манчестер сити, за кого одигра само два првенствени натпревари, а по бројните позајмици се пресели во Волфбург, каде што ги помина претходните четири сезони.
Нмеча е член на германската репрезентација, а во Лидс доаѓа како слободен играч.
Тој со клубот од Јоркшир потпиша две годишен договор.
Спорт
Полонара се бори со леукемија

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара е болен со леукемија, објави неговиот клуб Виртус од Болоња.
Пред две години, Полонара беше опериран за отстранување на тумор на тестисите од кој се опорави, но сега го очекува уште една животна битка.
Му беше дијагностицирана миелоидна леукемија, што значи малигна болест на коскената срцевина.
„Ајде Аки, со тебе сме, те чекаме“, е пораката на неговиот клуб, чие соопштение го преведуваме во целост.
„Виртус ја информира јавноста дека Акиле Полонара во текот на изминатите недели поминал на специјалистички медицински прегледи, по што му е поставена дијагноза миелоидна леукемија. Полонара моментално е хоспитализиран во болницата „Св. Орсоло Малпиги“ во Болоња, каде што започнал со специфични терапии. Целото семејство Виртус е со Акиле и неговите најблиски и му посакува брзо закрепнување. Ајде Аки, сите сме со тебе и те чекаме“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот.