Спорт
Вардарци објавија победничко селфи од соблекувалната
Вардар по вторпат е шампион на Европа, откако вечерва во финалето на Лигата на шампиони го совладаа Веспрем со 27-24 во драматична завршница и го освоија трофејот.
Exclusive scenes from the @HCVardar locker room!
?#veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/NFXOgyXiFn— EHF Champions League (@ehfcl) June 2, 2019
По мечот ракометарите на Вардар објавија победничко селфи од соблекувалната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дебакл на Црна Гора – Селекторот Шола поднесе оставка
Храватскиот тренер, Владо Шола поднесе оставка од функцијата селектор на Црна Гора. Шола и неговите избраници се изрезилија против Италија во баражот за пласман на Светското првенство.
Црна Гора ги загуби двата натпревари од Италија во баражот за СП 2025. Италија го доби првиот натпревар 32:26, а во реваншот беше 34:32 за Италијанците.
„Им честитам на играчите, преземам одговорност за се. Се што беше лошо беше моја вина. Веднаш поднесувам оставка, жал ми е ако го разочарав ракометниот свет во Црна Гора“, изјави Шола на прес-конференцијата по натпреварот.
Спорт
Фабрегас: Варди не е дел од нашите планови
Помошникот на тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, ги демантираше гласините дека англискиот напаѓач Џејми Варди би можел да потпише договор со новиот тим на италијанската Серија А.
Комо натпреварувањето во второлигашкиот караван го заврши на втората позиција со три бода помалку од Парма и заедно со „млекарите“ обезбедија пласман во елитното друштво. Комо последен пат дел од италијанската елитна дивизија беше пред 21 година.
„Варди не е мета на Комо за новата сезона. Ќе потпишеме играчи кои веруваат во нашиот проект и сакаат да играат овде. Ќе составиме конкурентен тим“, изјави поранешниот шпански репрезентативец.
Лестер се врати во Премиер лигата по една година во Чемпионшип, а Варди имаше одлична сезона.
37-годишниот фудбалер го носи дресот на „лисиците“ од 2012 година, а во сезоната 2023-24 одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна 20 гола со две асистенции.
Спорт
(Видео) Ултрасите на ПСЖ со посебна кореографија се простија од Мбапе
Пред почетокот на натпреварот против Тулуз, навивачите на ПСЖ со спектакуларна кореографија се простија од Килијан Мбапе, кој пред неколку дена потврди дека си заминува од Париз на крајот на сезоната.
Мбапе го постигна првиот гол на натпреварот (негов 256 во дресот на ПСЖ), но на крајот гостите славеа со 3:1.
Еден од најдобрите играчи во светот се прости од шампионот на Франција во видео кое го објави на социјалните мрежи.
„Отсекогаш сум велел дека ќе ве контактирам кога ќе дојде време, па затоа сакам да објавам дека ова ми е последна година во Пари Сен Жермен. Нема да го обновувам договорот и авантурата ќе заврши за неколку недели“, рече Мбапе, заблагодарувајќи им се на сите со кои соработуваше во ПСЖ и рече:
„Има многу емоции, има многу години во кои имав можност и голема чест да бидам член на најголемиот француски клуб и еден од најдобрите клубови во светот, што ми го даде првото искуство во клуб со голем притисок, исто така, ми овозможи да пораснам како играч покрај некои од најдобрите во историјата, да запознам многу луѓе и да пораснам како човек со сета слава што ја стекнав и сите грешки што ги имам направено“.
Иако не откри во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, изјави дека заминува од Франција.
Најдобро информираните светски експерти за трансфери со месеци пишуваат дека неговиот потпис за Реал Мадрид е речиси завршена работа. На крајот од оваа сезона Мбапе имаше опција да го продолжи договорот со ПСЖ на уште една година, но тоа нема да го стори, па ќе го напушти клубот без обештетување.
👋🏻🇫🇷 PSG Ultras say goodbye to Kylian Mbappé. pic.twitter.com/C9AXFAfcDl
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 12, 2024