Спорт
Вардар е шампион на Европа во ракомет

Вардар е ракометен првак во Европа. 27-24 за Вардар против Веспрем стои на семафорот во „Ланксес арена“ во Келн.
Иако зборови и бројки се непотребни во моментов, тогаш две бројки ќе бидат доволни, РК Вардар е вторпат на покривот на ракометна Европа во 10-тото јубилејно издание во Келн од Лигата на шампиони. Шампион изненадувачки во 2017 година, уште поизненадувачки вечерва.
Ракометарите го оставија срцето на терен.
Повеќе информации околу статистиката на играчите очекувајте наскоро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Од авантурист до семеен човек: трагично загинатиот Феликс Баумгартнер ја пронајде љубовта кај убавата Романка по бурната романса со мис

Познатиот екстремен спортист Феликс Баумгартнер (56) трагично го загуби животот во несреќа со параглајдинг во Италија, објави државниот радиодифузен сервис РАИ.
Познат како „човек без страв“, Баумгартнер ги поместуваше границите на она што е можно во текот на својата кариера – скокајќи од облакодери, карпи и хеликоптери, а својата најголема слава ја постигна во 2012 година кога скокна од стратосферата од висина од 39 километри, во мисија што ја следеа милиони гледачи низ целиот свет.
Освен што беше бестрашен, Феликс имаше и малку бурен љубовен живот, но сепак успеа да се смири покрај Михаела Радулеску, романска водителка.
Феликс се запознал со познатата водителка во 2014 година и оттогаш беа во врска, но никогаш не се венчале. Сепак, во медиумите секогаш биле претставувани како еден од најстабилните парови.
Двојката среќата ја наоѓала во честите патувања, од кои редовно објавувале фотографии, а живееле помеѓу Швајцарија-Австрија-Германија.
Пред Михаела, Феликс беше заљубен во мисицата Никол Етл. Многумина се сомневаа дека врската ќе заврши со брак, но тие раскинаа во 2013 година по седум години љубов.
Феликс Баумгартнер ги сакаше екстремите, авантурите и непредвидливоста, но неговата најдолга авантура беше со Михаела, со кого конечно успеа да најде слобода.
Како што претходно изјави водителката, тие функционирале совршено дури и кога биле разделени.
Спорт
Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет во атлетиката (AIU).
Чепнгетич во март била позитивна на забранет диуретик и супстанца која се користи за прикривање на употреба на допинг.
AIU наведува дека спортистката доброволно прифатила привремена суспензија додека трае истрагата за случајот.
Кениската атлетичарка го постави светскиот рекорд во женскиот маратон во октомври минатата година на маратонот во Чикаго, со време од 2 часа, 9 минути и 56 секунди, подобрувајќи го претходниот рекорд за речиси две минути.
AIU не прецизираше кога ќе биде донесена конечната одлука во нејзината дисциплинска постапка.
Спорт
Големо засилување кај Блејзерси: Лилард се врати дома!

Демиан Лилард, еден од најпрепознатливите бекови во НБА лигата, официјално се врати во Портланд Трејл Блејзерс.
Клубот од Орегон потврди дека потпишал тригодишен договор со 34-годишната суперѕвезда, кој според достапните информации ќе заработи 42 милиони долари.
Враќањето на Лилард доаѓа откако неодамна беше отпуштен од Милвоки Бакс, иако во неговиот договор имаше загарантирани 113 милиони долари за наредните пет сезони. Одлуката на Бакс следеше по сериозната повреда на Ахиловата тетива во првото коло од годинашниот плејоф, поради која ќе ја пропушти целата наредна сезона.
Лилард беше избран како шести пик на НБА драфтот во 2012 токму од Портланд, каде ги помина првите 11 сезони од својата кариера и стана клупска легенда. Во 2023 се пресели во Милвоки, но неговата епизода таму беше краткотрајна.
Во минатата сезона, и покрај здравствените проблеми и само 58 одиграни натпревари, имаше просек од 24,9 поени и 7,1 асистенција. На теренот доминираше и покрај проблемите со тромбоза.
Лилард го одбележа враќањето во Портланд со објава на Инстаграм, каде сподели фотографија од соблекувалната на Трејл Блејзерс и кратко напиша:
„RipCityyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyy!“
Овој повраток има и емоционална димензија – Демиан Лилард е најдобриот стрелец во историјата на Портланд со вкупно 19.376 поени и е единствениот играч во НБА историјата со пет натпревари на кои постигнал 60 или повеќе поени.
Во својата кариера во просек бележи 25,1 поен и 6,7 асистенции. Освен што е меѓу 100-те најдобри НБА кошаркари на сите времиња, Лилард може да се пофали и со златен медал од Олимписките игри во Токио како член на репрезентацијата на САД.
Фото: ЕПА