Спорт
Петручи: Си реков, време е да победам
Возачот на Дукати, Данило Петручи, во Муџело ја забележа првата победа во Мото ГП во кариерата. Во исклучително драматична трка Петручи ги победи Марк Маркез од Репсол Хонда и тимскиот колега Андреа Довициозо.
„Навистина ја посакував оваа победа, а кога ми стана јасно дека имам можност да го наметнам својот ритам во водечката група, си помислив дека сега е вистинското време да победам. Со обидував да ја контролирам трката“, рекол Петручи, кој во 124. трка во Мото ГП ја забележа првата победа.
Клучниот момент на трката се случи во последниот круг кога Петручи со еден хазардерски маневар успеа да излезе пред Маркез и Довициозо.
„Успеав да влезам длабоко и да најдам мал простор помеѓу Андреа и Марк. Потоа, едноставно, притиснав и не застанав додека не го видов знамето на крајот“, рекол 28-годишниот Италијанец.
Мото ГП-шампионатот ќе продолжи со трката за Големата награда на Каталуња на 16 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тандери уште еднаш победија по две продолженија – Шеј броеше до 55
Оклахома Сити Тандер, актуелните шампиони на НБА лигата, славеа на гостински терен по две продолженија против тимот на Индијана со резултат 141:135.
Ова е втор пат за три дена, на стартот од сезоната, Тандер да играат две продолженија. И двата пати славеа победи.
Најефикасен во тимот на Оклахома, во реприза на финалето од минатата сезона, беше Шеј Гилџес-Александер со 55 поени, осум скока и пет асистенции.
Аџај Мичел додаде 26 поени, Арон Вигинс забележи 23 поени и девет скока, додека Чет Холмгрен имаше 15 поени и 12 скока.
Во тимот на Индијана, Бенедикт Матурин беше најефикасен со 36 поени и 11 скока, а Паскал Сиакам додаде 32 поени и 15 скока. Оби Топин постигна 20 поени.
Оклахома, актуелниот шампион на НБА лигата ја забележа втората победа во сезоната и против Хјустон победата беше изборена по две продолженија, додека за Индијана ова беше првиот натпревар во сезоната.
Спорт
Мекларен пред трката во Мексико: Сè зависи само од нас
Мекларен ја одбрани титулата кај конструкторите во Формула 1, сега сите во британскиот тим се надеваат дека ќе имаат светски шампион и во конкуренција на возачи.
Мекларен има два силни адути, лидерот во шампионатот Оскар Пјастри и второпласираниот Ландо Норис, но нивните планови може да ги расипе фантастичниот Макс Ферстапен, кој доминира во последно време и ја намалува разликата во генералниот пласман.
Актуелниот шампион сега е 40 поени зад Пјастри и 24 зад Норис. Остануваат уште пет трки во шампионатот, а шефот на Мекларен, Андреа Стела, е уверен дека Пјастри и Норис ќе го одбијат нападот на Макс.
„Имаме пет трки и уште две спринт трки пред нас – ова се шанси не само да се одбраниме, туку и да ја зголемиме нашата предност во однос на Макс. Постојат патеки кои одговараат на карактеристиките на нашиот автомобил и јас тоа го гледам како можност, а не како закана“, започна Стела.
Не е Мекларен тој што моментално е доминантен, како што беше во поголемиот дел од сезоната.
„Свесни сме дека не искористивме сè што може да понуди нашиот автомобил. Возачите исто така знаат дека можеа подобро да се снајдат во некои трки. Затоа ги гледаме следните пет како шанса – не како борба за опстанок, туку како можност за дополнително зголемување на предноста“, оптимист е Стела, која на крајот рече дека сè е во рацете на Мекларен.
„Сè уште ги држиме сите конци во наши раце. Исходот од сезоната и титулата – тоа е нешто што зависи само од нас. И со тој став, влегуваме во финишот на шампионатот“, заклучи тој.
Сезоната во Формула 1 продолжува викендов со трката за Големата награда на Мексико.
Спорт
(Видео) Кари ги поништи 50-те поени на Гордон и трипл-даблот на Јокиќ
Голден Стејт Вориорс и Денвер Нагетс одиграа спектакуларен натпревар, прв во новата НБА сезона за гостите од Колорадо, а домашниот тим победи во „Чејс Центар“ во Сан Франциско по продолжението со 137:131 (27:31, 34:39, 33:24, 26:26 – 17:11).
Стеф Кари постигна 42 поени, вклучувајќи ја и клучната тројка со која изедначи во финишот на регуларниот дел. Победата ја засени историската вечер на Арон Гордон, кој постигна дури 50 поени за поразениот тим, што е негов рекорд во кариерата.
Натпреварот понуди спектакуларен крај на регуларниот дел. Гордон погоди тројка за водство на Денвер на 25,7 секунди до крајот, а Кари возврати, кој го израмни резултатот со шут од далечина на само 4,3 секунди до крајот. Никола Јокиќ имаше шанса за победа, но неговиот шут од рекетот не беше прецизен, па натпреварот отиде во продолжение.
Во дополнителните пет минути, Вориорс ја презедоа контролата. Тие направија серија од 12:2 и со тоа ја обезбедија својата втора победа на почетокот на сезоната, оставајќи ги Нагетс без одговор. Кари постигна вкупно 22 поени во последната четвртина и продолжението.
Арон Гордон го одигра натпреварот на кариерата. Со 50 постигнати поени (17/21 шут), тој го сруши клупскиот рекорд на Алекс Инглиш за отворањето на сезоната, поставен во 1985 година, исто така против Голден Стејт.
Дополнително, неговите 10 тројки го израмнија рекордот на Тери Розир од 2020 година за најмногу погодени тројки на отворањето на сезоната. Гордон погоди седум тројки од исто толку обиди во првото полувреме.
Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 21 поен, 13 скока и 10 асистенции. Со тоа, тој му се придружи на легендарниот Оскар Робертсон како единствен играч во историјата на НБА со четири трипл-дабл настапи во првите натпревари од сезоната. Српскиот центар на Денвер шутираше лошо, 2/13 за три поени и 8/23 вкупно.

