Свет
Германска историчарка го измислила своето еврејско потекло, ги лажела медиумите со години
Германската историчарка Мари Софи Хингст, позната по својот блог за членовите на нејзиното семејство кои биле убиени во холокаустот, е фатена во лага. Ова исто така ги стави во тешка ситуација медиумите што ги објавиле нејзините други лични приказни, пишува РТ.
Хингст, која живее во Даблин, се прослави со своите приказни за нејзините наводни еврејски предци, кои трагично загинале во времето на холокаустот, објавени на нејзиниот блог Read on my dear, read on (сега деактивиран), што таа го почнала во 2013 година во Даблин. Блогот вклучуваше извештаи за нејзиниот дедо за кој тврдела дека бил убиен во Аушвиц.
Нејзините приказни не останале незабележани, па во одреден момент нејзиниот блог достигнал неверојатни 240.000 читатели, а таа била прогласена за блогер на годината и наградена од здружението „Златни блогери“, групата што ја доделува една од најголемите награди за германските инлфуенсери на социјалните мрежи.
Сепак, нејзините приказни се покажаа како целосно измислени, како што демонстрира група архивари од германскиот град Штралсунд. Хингст го споменала Штралсунд како роден град на нејзиното семејство – и со право. Граѓанските архивари, кои биле предупредени од друг германски историчар за неточностите во постовите на нејзиниот блог, дознале дека нејзиниот дедо никогаш не бил испратен во Аушвиц и дека воопшто не бил Евреин.
Тој бил протестантски свештеник, а неговата сопруга бил стоматолог и следбеник на протестантизмот, пишува „Шпигел“, кој беше првиот што ја обелодени приказната. Всушност, ниту еден од роднините на Хигст не бил жртва на холокаустот.
Оваа ситуација изгледа уште побизарно поради фактот што Хингст, која сега е во проблеми поради своите лажни приказни, не само што успеала да ја убеди својата голема публика за постоењето 22 измислени еврејски роднини туку го измамила и израелскиот Меморијаен центар на холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим, кој ги ставил нејзините „роднини“ во своите официјални списоци за сеќавање испраќајќи им лажни сведоштва.
Сега, германското Министерство за надворешни работи мораше да го алармира Центарот за неодамнешните откритија поврзани со Хингст.
Но, се чини дека таа не гледа проблем во нејзината долгогодишна измама. Хигст изјавила за „Шпигел“ преку својот адвокат дека нејзините записи на блогот се напишани со значителен степен на уметничка слобода. Таа исто така објаснила дека не го сторила тоа заради слава, туку, наводно, за да се избори против тешката депресија.
„Ова е литература, а не новинарство или историографија“, вели Хингст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос

