Црна хроника
Притвор за насилник – со тупаници сакал да украде ,,ајфон” од скопјанка
Основното јавно обвинителство Скопје донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Осомничениот на 16 мај годинава, околу 22 часот на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ со употреба на сила се обидел да одземе мобилен телефон марка „ајфон С6“ во вредност од околу 40.000 денари. Тој се приближил до оштетената и започнал со тупаници да ја удира по главата и телото обидувајќи се да и го одземе мобилниот телефон кој таа го држела во рака. Откако жртвата дала отпор, сторителот насилно ја бутнал на земја и продолжил со физичкиот напад влечејќи ја за чантата. Но, поради отпорот на оштетената и нејзиното силно довикување за помош, осомничениот се откажал од намерата и побегнал.
Надлежен јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските одредби, па до Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот на обвинителството беше прифатен и со Решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.
Црна хроника
МВР одзеде возило управувано од 16-годишник во Струга
Вчера при контрола во патниот сообраќај, полицијата сопрела патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

