Македонија
Алијансата за Албанците: МВР итно да преземе мерки против навивачите што промовираат меѓуетничка омраза

Алијансата за Албанците го повика МВР да го испита случајот во кој навивачи на ракометарите на РК „Вардар“ за време на прославата на плоштадот Македонија извикувале понижувачки пораки до Албанците и предизвикале меѓуетничка омраза. Од партијата бараат санкционирање.
„Жално е кога група навивачи, кои и на прославата на победата на својот тим ја искористија можноста да ги понижуваат Албанците и да промовираат меѓуетничка омраза. Односот на ‘комитите’ покажува примитивен менталитет и е бесмислен бидејќи, наместо да се радуваат на победата на нивниот тим, ги навредуваат Албанците!
Овој феномен многу често се случува како во случај на загуба, така и на победа, и тоа со години. Многу често невини Албанци биле жртви на оваа група навивачи, а малтретирањето отишло и до уништување на нивните имоти и за чудо досега никој не одговарал за тоа.
Овој однос на „комитите“ веќе стана навика и тоа поради фактот дека наместо да одговараат за тоа и бидат казнувани, оваа група навивачи не се осудени, а донекаде се и охрабрувани.
Го повикуваме Министерството за внатрешни работи итно да преземе мерки против лицата и навивачките групи што промовираат меѓуетничка омраза и говор на омраза, и тоа не само внатре на стадионите туку и надвор од нив, па сè до плоштадот во Скопје, како што беше случај минатата ноќ со „комитите“, навивачи на „Вардар“!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.