Македонија
(Видео) Против лажните вести борете се со фактите и вистината, порача Столтенберг
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, смета дека најдобра одбрана од лажни вести е ширење на фактите и вистината. Одговарајќи на новинарско прашање за подготвеноста на Македонија за борба против лажните вести по денешниот состанок на Северноатлантскиот совет во Скопје, Столтенберг рече дека лажните вести се алатки што ги поткопуваат демократските институции и не се прифатливи.
„Јас сум уверен дека најдобриот одговор на ширењето дезинформации и пропаганда е ширење на фактите и на вистината, тие ќе преовладаат. Имаме факти, имаме отворена дебата, а за тоа исто така ни се потребни слободни медиуми, потребни ни се новинари што ги проверуваат своите извори, медиуми што ќе имаат разни ставови за иста тема и кои ќе разгоруваат отворена дебата. Најважното нешто што ние треба да го направиме е да се осигуриме дека се придржуваме до демократските вредности на кои се заснова нашата алијанса – демократијата, владеењето на правото, индивидуалните слободи и слободни медиуми кои не треба да бидат жртви на пропагандата, туку треба да ги обезбедат фатите. Тоа е најдобриот начин на кој ќе се осигуриме дека имаме силни демократски процеси и институции“, рече генералниот секретар Столтенберг.
Тој му честита на премиерот Зоран Заев, но и на Северна Македонија, за способноста за надминување на сериозните тешкотии кои довеле до посилна демократија за што како показател ги посочи слободните и фер избори.

Премиерот Заев рече дека дел од домашните институции веќе работат на сајбер-безбедноста и најави дека за борба против лажните вести ќе го применуваат искуството на земјите членки на НАТО.
„Вистинските вредности на НАТО се владеење на правото, севкупните слободи и права на демократските процеси, меѓу кои и слободата на медиумите. Ние се гордееме што успеавме за една година слободата на медиумите да ја поместиме од 109. на 95. место, што е скок од 14 места, и верувам дека уште многу треба да работиме да го подобриме тоа. Но, слободата на медиумите ги носи и лажните вести. Ние ги следиме сите процеси што НАТО ги почнува, како НАТО-членките се подготвуваат и даваат успешни модели, така и ние ќе ги применуваме. Веруваме дека вистинските факти преку брзата реакција на самите институции се најголемата алатка за борба против лажните вести. Ќе продолжиме на тој начин да бидеме респонзивни и бргу да реагираме со вистинските факти затоа што некогаш лажните вести може да им нанесат голема штета на одредени процеси и личности, на институции. Како идна земја членка на НАТО комплетно ќе бидеме адаптирани со сето она што претставува позитивно искуство од нашите партнери од алијансата, но овде ни треба и поддршка од медиумската заедница. Верувам дека ќе ја имаме за сите заедно да придонесеме за уште подобро, демократско општество за сите, рече премиерот Заев.
На заштита на интернет-просторот премиерот рече дека веќе работат Министерство за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерство за информатичко општество и администрација и Министерството за правда. Дел, според премиерот, се работи заедно со здруженијата на новинарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Без неправилности помина денешното гласање на болните и затворениците, гласовите ќе се бројат утре
Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа.
Гласањето на оваа категорија гласачи се одвива во општините каде се одржува вториот круг на локалните избори и Градот Скопје.
Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 20:00 часот гласале 3327 гласачи. Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 588 гласачи. Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа до 18:30 часот гласале 125 гласачи.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица, не се објавуваат денес посебно. Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвараат денес. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре после 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа.
Македонија
ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица
Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 16:00 часот на вториот круг од локалните избори гласале 2.762 од вкупно 4.826 лица пријавени како болни или немоќни. Во 14 казнено-поправни установи, каде што право на глас имаат 1.256 лица кои издржуваат казна затвор или се во притвор, до 16:00 часот гласале 380 гласачи. Од 214 лица сместени во установи за вонсемејна грижа, своето право го искористиле 78 гласачи, прецизираат од ДИК.
Според информациите од Комисијата, гласањето започнало точно во 7 часот утринава и се одвива без прекини и инциденти во сите општини и во Градот Скопје.
Претседателот на Комисијата, Борис Кондарко, изјави дека нема никакви проблеми ниту со изборниот материјал, ниту со изборните органи. Досега не се пристигнати забелешки, приговори или поплаки.
Во вториот круг од локалните избори, кој ќе се одржи утре, ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Македонија
Матичарка и службеници ѝ „подариле“ втор идентитет на кумановка, завршија со пријава
Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против четири лица — В.Б. (56), Н.З. (41), Х.Е. (53) и В.П. (67) — под сомнение дека со несовесно постапување во службата овозможиле едно лице да користи два различни идентитета.
Според информациите од СВР Куманово, првопријавената, матичар во подрачната канцеларија на Управата за водење на матични книги во село Лојане, општина Липково, направила незаконит упис во матичната книга на родени, внесувајќи податок дека едно женско лице склучило брак со машко лице и го зело неговото презиме.
Вториот пријавен, исто така матичар, на 26 март годинава издал извод од матична книга на родени со тие податоци, а третиот пријавен, службеник во Одделението за управни работи во Куманово, го примил барањето за издавање пасош.
Четвртиот осомничен, кој работел како виш советник за патни исправи во истото одделение, проценил дека се исполнети условите и го одобрил издавањето на патната исправа.
Со нивното постапување, како што наведува полицијата, на лицето му било овозможено незаконски да користи два идентитета. Против сите четворица е поднесена кривична пријава за делото „несовесно работење во службата“.

