Спорт
Хелаифи му станува „газда“ на Алиоски во Лидс?

Сопственикот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи, преговара за купување на англискиот второлигаш Лидс јунајтед, каде што игра македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, јавува „Л’Екип“.
Ова не е првпат Ал-Хелаифи и богатата „Катар спортс инвестментс“(QSI) да се поврзуваат со купување на англиски фудбалски клуб од втората лига кој би го кренал, но сега според францускиот весник, токму Лидс јунајтед е првата цел и преговорите во понеделникот.
Според „Л’Екип“, Ал-Хелаифи во Доха ќе се сретне со сопственикот на тимот Андреа Радрицани и со менаџерот Марсело Биелса за потенцијално откупување на клубот. Радрицани го откупи Лидс од својот италијански сонародник Масимо Челино во мај 2017 година. Биелса пак, реши да остане во клубот и покрај тоа што тие загубија во плејофот за влез од Премиер лигата од Дерби каунти.
Nasser al-Khelaïfi, le patron de Qatar Sport Investment et président du PSG, doit rencontrer ce lundi le boss de l’équipe de Leeds https://t.co/g5Ei053LQC pic.twitter.com/BgMoUq9tDf
— L’ÉQUIPE (@lequipe) June 3, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Читач од усни откри што му кажа Трамп на Палмер кога му ја даде Златната топка за најдобар играч
Читач од усни ги откри разговорите на Доналд Трамп со играчите на Челси откако американскиот претседател се приклучи на прославата на трофејот за Клубски светски шампион на ФИФА, синоќа, објави денес „Дејли мејл“.
Трамп гледаше од трибините како Челси обезбеди изненадувачка победа од 3-0 против европските шампиони ПСЖ. Откако доби третман како ВИП за време на натпреварот заедно со првата дама Меланија и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Трамп зазема централно место за време на презентацијата на трофејот.
Трамп, кој беше исвиркан од дел од публиката, му ја предаде златната ракавица на Роберт Санчез за турнирот. Гледачите можеа да видат како Инфантино го претстави Трамп на Кол Палмер, додека ѕвездата на Челси и Англија се искачуваше да ја прими наградата за најдобар играч на турнирот.
Експертот за читање од усни, Џереми Фримен, откри дека Трамп имал зборови на восхит за Палмер откога ја видел неговата неверојатна игра во финалето.
„Јас сум најголемиот фан на Челси. Јас сум голем фан на вас. Добро сработено“, рече Трамп, според Фриман откога му ја даде Златната топка за најдобар играч на турнирот.
Палмер, за кого се знае дека малку зборува во интервјуата по натпреварите, наводно одговорил ‘Ви благодарам’ пред повторно да се приклучи на своите соиграчи.
Фото: Принтскрин
Спорт
Душан Тадиќ ги одби милионите од Звезда, потпишува за великан

Душан Тадиќ (36) ќе настапува за мадридски Атлетико следната сезона, објави српски „Телеграф“. Искусниот офанзивец имаше неколку сериозни понуди, меѓу кои и финансиски многу великодушна опција од Црвена звезда, актуелниот шампион на Србија.
Сепак, одлучи да ја продолжи кариерата во значително посилна конкуренција. Тадиќ го избра Атлетико Мадрид.
Во главниот град на Шпанија патува веќе утре, а целиот трансфер треба да биде завршен до крајот на неделата. Доаѓа како слободен играч бидејќи му истече договорот со Фенербахче и се очекува дека ќе биде значаен додаток во кадарот за напад кој го води Диего Симеоне.
Во интервју за „Арена Спорт“, првиот човек на Звезда, Звездан Терзиќ, рече: “Самиот се изненади кога ја виде понудата што му ја подготвив со деталите од финансиските услови. Ни би зборувал за бројките, не е коректно, но ќе беше најплатениот играч во историјата на српскиот спорт“.
Фото: ЕПА
Спорт
За два месеца, стадионот во Чаир ќе има помошно игралиште, почна изградбата
Почна изградбата на помошното спортско игралиште во рамки на стадионот на фудбалскиот клуб Шкупи во Чаир.
Игралиштето ќе има површина од 4644 квадратни метри, односно должина од 80 метри и ширина од 50 метри, опкружено со заштитни зони од по 3 метри од сите страни. Проектот ќе се реализира согласно меѓународните стандарди на ФИФА, со висококвалитетна вештачка трева, атмосферски систем за одводнување кој овозможува користење и при неповолни временски услови, како и целосно осветлување за употреба во различни делови од денот и вечерта.
Првиот вицепремиер Изет Меџити заедно со заменичк-министерка за спорт, Сафие Садики, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и пратеничката Фериде Хаџиу денес го посети стадионот и кажа дека инвестицијата претставува конкретен чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во Општина Чаир и создава подобри услови за тренинг и професионален развој на младите љубители на фудбалот.
„Нашата цел е да создадеме што повеќе простори и можности за нашата младина, поддржувајќи ги на нивниот пат кон успехот“, рече заменик-претседателот на Владата, Меџити.
Изградбата на игралиштето се очекува да заврши во рок од 45 до 60 дена.