Црна хроника
Откриени злоупотреби во дом за стари лица во Куманово
Кумановската полиција поднесе четири кривични пријави поради злоупотреби со исплата на плати во дом за стари лица во Куманово.
Како што информира полицијата, поднесена е кривична пријава против С.С (64) од Џ.Н(41) од село Слупчане, општина Липково, поради злоупотреба на службена положба и овластување чл.353 ст.1 в.в. ст.3 и 5 в.в. чл,45 и против Е.А(35) и А.Б(43) од Куманово, поради фалсификување или уништување на деловни книги чл.280 ст.2 ситеод КЗ.
Џ.Н како директор на Јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово со помош на С.С. како претседател на Управниот одбор на седницата одржана на 13.07.2015 година, на дневниот ред, под точка 4 ставил „донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата и му дал уверување дека истата е неопходна за почеток на формирање на систем – програма за плати што е неопходно за нормално функционирање на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто.
По ова тој на дневен ред под точка 4 ставил „донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата за која бил должен да знае дека е спротивна на Законот за социјална заштита, Колективниот договор за социјална заштита, Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за социјална заштита од јануари 2009 година и излегува надвор од негови овластувања.
Со тоа, двајцата им овозможиле на вработените во домот да се стекнат со плати повисоки за износите кои ги примале како „посебен додаток“ во период од месец август 2015 до месец мај 2018 година, односно за вкупен износ од 3.790.928 денари, а второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 588.134 денари, со што го оштетиле буџетот за вкупен износ од 4.379.062 денари.
,,Е.А. и А.Б иако биле должни согласно описот и пописот на работното место архивар во делот „работни задачи“, под точка „Чување и надзор на документите во работните простории“, на точно неутврден датум го прикриле или уништиле Записникот од одржана седница на Управен одбор на која е донесена Одлуката за утврдување на коефициент”, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

