Македонија
Николоски, Ѓорчев и Муцунски се сретнаа со Хан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/dsc04062019.jpg)
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ составена од потпретседaтелот Александар Николоски, членот на извешниот комитет Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денес во Брисел остварија средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.
,,Во текот на средбата еврокомесарот беше информиран за одличниот резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на одржаните претседстелски избори. При разговорот со Хан посебно беа нагласни сериозните злоупотреби од страна на институциите и владејачките партии во целиот изборен процес и изборниот инжињеринг кој беше спроведен меѓу двата круга.
Соговорниците се осврнаа на реформската агенда. Беше потцртана улогата на ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициона партија. Високо беше отценет придонесот на ВМРО ДПМНЕ во подобрувањето на неколку реформиски закони во Собранието. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека Владата нема капацитет да испорача остварливи резултати. Посебно беа ноторани слабостите во борбата против корупцијата, реформата на правосудството и економијата”, соопшти партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Николовски – Милер: САД силен поддржувач во борбата против криминалот и корупцијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/3-1.jpg)
„Соединетите Американски Држави се еден од најзначајните стратешки партнери на нашата држава, при што во делот на Царината силен фокус во соработката е сузбивањето на криминалот и корупцијата, како и зголемување на институционалните капацитети во наплатата на приходи“, беше истакнато на средбата помеѓу директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и шефот за економски прашања во амбасадата на САД, Рајан Милер.
На состанокот двете страни говореа за напредокот на работниот план со Трезорот на САД, каде што експерти од двете институции работат на развој на мерки што ќе придонесат за прибирање повеќе приходи во буџетот и сузбивање на сивата економија и корупцијата. Воедно, се говореше и за проектот за телесни камери за царинските службеници, како и за континуираните обуки на царинските службеници во рамките на Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност при Амбасадата на САД.
Милер му честита на директорот за неговото назначување на оваа функција и му посака успех во работата.
Од страна на директорот беше изразена огромна благодарност до САД за нивната континуирана поддршка во развојот на Царинската управа.
Македонија
Извршниот директор на „Eпсотех“: Отворање 110 работни места претежно во машинската и инженерската гранка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Аламави-05.07.2024.jpg)
Јас сум извршен директор на „Eпсотех Македонија“ и морам да ви кажам дека сакаме да отвориме и да ги прошириме нашите активности со производствени капацитети тука во Скопје, односно да работиме на отворање фабрика и на нови машини. Ние веќе работиме на шест гранки во светот и се надеваме дека ќе ги прошириме нашите активности и дејности и тука, рече извршниот директор на „Eпсотех“, Аламави, за германско-белгиската инвестиција.
„Ние имаме веќе 60 години искуство во овие производствени процеси и со нас носиме многу вештини и се надеваме дека тука ќе отвориме 110 работни места, кои ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка“, рече тој и додаде:
„Во оваа пригода ние би сакале да почнеме со изградба на нова зграда, односно со инвестиција од приближно 20 милиони евра, кои би ги инвестирале тука“.
Македонија
Муцунски – Баумгартнер: Неопходност од забрзување на нашиот евроинтегративен процес
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/1-2.jpeg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, имаше средба со амбасадорот на Француската Република, Сирил Баумгартнер.
На средбата беше истакнато заемното задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат, со фокус на идното продлабочување на економската соработка и привлекување поголеми француски инвестиции во нашата земја.
Муцунски го запозна амбасадорот со приоритетите во работењето на новата Влада, посветеноста кон исполнување на реформската агенда, со акцент на реформите за забрзување на евроинтегративните процеси на земјата.
Притоа Муцунски се заблагодари на досегашната силна поддршка на Франција за нашите аспирации за членство во ЕУ истакнувајќи ја неопходноста од забрзување на нашиот евроинтегративен процес, што е во насока на консолидирање на економската, политичката и безбедносната стабилност на земјава, но и на регионот.