Вести
Жртвите од земјотресот во Непал уште чекаат помош, можеби 10.000 загинати

Четири дена по катастрофалниот земјотрес во Непал, во кој засега се регистрирани над 5.000 жртви, во вторникот помошта сé уште не е стасана до многу луѓе кои останаа изолирани во зафрлените села и градови ширум земјата.
Непалската влада, исто така, сé уште ги нема направено процените за вистинските димензии на штетите од саботниот земјотрес со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер, бидејќи спасувачките екипи не можат да се пробијат до многу планински области, иако хуманитарната помош и доброволци пристигнуваат од сите страни на светот.
Бројот на загинатите во вторникот на пладне е коригиран на 5.057 луѓе, пренесува AFP повикувајќи се на министерството за внатрешни работи на Непал. А премиерот Сушил Корила изјави дека можеби загинале дури 10.000 луѓе. Во последниот голем земјотрес во Непал, во 1934 година, загинале 8.500 луѓе.
Според официјалните податоци, бројот на повредените надминал 10.000, откако во вторникот претпладнето беше објавено дека се повредени 8.174 луѓе. Досега е познато и дека потполно се уништени 1.914 станбени објекти, а значителни оштетувања се пријавени на 4.184 домови. Но тоа не се конечни бројки, бидејќи властите воопшто немаат сознанија што се случува во планинските области од земјата.
Катастрофалниот земјотрес беше почувствуван и во соседните земји каде што исто така предизвика човечки жртви, како во Индија над 70 жртви и 250 повредени, во Бангладеш каде има две жртви и 18 загинати на Тибет.
Обединетите нации објавија дека од стихијата се погодени 8 милиони луѓе, од вкупно 28 милиони и дека на 1,4 милиони им е итно неопходна храна. Меѓународната помош почна да пристигнува во Непал, меѓутоа распределбата е бавна, делумно и затоа што аеродромот во Катманду повремено се затвора поради повремените тресења на почвата.
Сеизмолозите регистрирале 70 последователни потреси во текот на изминатите неколку денови. Последниот, со магнитуда од 4,5 степени, е регистриран во 4,20 часот по локално време во вторникот наутро, а неговиот епицентар бил на околу 50 километри северно Катманду.
Земјотресот во саботата предизвика голема снежна лавина на Монт Еверест во којашто загинаа најмалку 18 алпинисти, од кои четворица се странци, во базен логор, што е најтешката несреќа од овој вид во историјата на највисокиот врв на светот. Во вторникот дополнителните потреси предизвикаа и нови лавини о речиси 250 луѓе се водат како исчезнати откако снежна лавина во вторникот се урна врз селото Годатабел, сместено до популарната област за планинарење северно од непалската престолнина Катманду, изјави за Reuters гувернерот Расува Удав Батараи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.