Свет
Данска признава дека земјата има голем проблем со криминалните мигранти
Данскиот министер за правда, Сорен Папе Поулсен, признава дека неговата земја има голем проблем со криминалните мигранти и ги бранеше новите мерки на владата за олеснување на депортациите, пренесува данскиот таблоид Б.Т.
Изјавите на министерот се реакција на студијата на данските медиуми, која откри дека Сомалијците се најголемата заедница од странски државјани во Данска со криминални врски, и предничат со 916 обвиненија за насилства во периодот помеѓу 2014 и 2018 година.
„Вашите податоци јасно покажуваат дека постои голем проблем со криминалните мигранти што не треба да ги имаме во нашето општество“, рече Поулен.
Тој ги отфрли миграциските политики на данската влада велејќи: „Ги заостривме правилата за протерување за да можеме полесно да ги истераме странците“.
Поулсен исто така додаде дека неодамна поднел уште еден закон со кој ќе им се дозволи на судиите да наредат депортација на мигрантите што одбиваат да се појават на нивните судски рочишта. Данската влада не ги отфрли принудните депортации на Сомалијци без право да останат во земјата.
Петер Кофод од популистичката Данска народна партија (ДФ) исто така ги коментира бројките што откриваат дека Сомалијците биле осудени за 1111 кривични дела во последните пет години велејќи:
„Податоците говорат она што ние во Данската народна партија со години го истакнувавме дека во Данска имаме предизвик со миграцијата од голем број земји во Африка и на Блискиот Исток.
Тоа е трагично и треба да одговориме на тоа. Мора да го сториме тоа со враќање на луѓето дома и со непримање нови мигранти“.
Минатата година данскиот министер за миграции, Ингер Шторбер, им се обрати директно на сомалиските мигранти во Данска барајќи од нив да се вратат во својата земја и да ја обноват велејќи:
„Ако веќе немате потреба од нашата заштита и вашиот живот и здравје, веќе не се изложени на ризик во вашата матична земја, во Сомалија, се разбира, мора да се вратите дома и да ја обновите земјата од која сте дошле“.
Претходно, годинава, премиерот Ларс Локе Расмусен исто така го коментира ова прашање велејќи дека иако би сакал Сомалијците доброволно да ја напуштат земјата, тој нема да ги отфрли принудните депортации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американците предупредија: Наскоро може да се случи голем напад врз Украина
Американската амбасада во Киев предупреди на можноста од значаен воздушен напад врз Украина во наредните денови, објави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во предупредувањето што денеска го објави Американската амбасада во Киев се наведува дека заканата се однесува на целата територија на Украина, односно на сите окрузи во земјата. Според соопштението, американските власти добиле информации за можен силен воздушен удар што би можел да се случи во кој било момент во текот на следните неколку дена.
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) January 8, 2026
Американската амбасада повторно ги повика своите државјани да бидат подготвени веднаш да побараат засолниште во случај на прогласување воздушна тревога. Вакви предупредувања Вашингтон редовно објавува во моменти на зголемени безбедносни ризици, особено кога постојат разузнавачки податоци за можни напади од руската војска.
Предупредувањето доаѓа во период кога Украина со недели е изложена на интензивни ракетни и напади со дронови врз енергетската инфраструктура и градовите низ земјата, додека властите во Киев предупредуваат дека Русија би можела да продолжи со бранови масовни удари.
Свет
Германија одбива да испрати војници во Украина од страв од Трета светска војна
Додека Велика Британија и Франција најавија можност за испраќање копнени сили во Украина во рамки на потенцијална мировна мисија, Германија зазема значително повнимателен став. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Бундесверот би бил распореден исклучиво на територијата на НАТО земјите што граничат со Украина, со цел поддршка на евентуално примирје, пренесува „Телеграф“.
Мерц појасни дека Германија ќе учествува во надзор на прекинот на огнот и во зајакнување на Украина, но без германски војници да стапнат на украинска територија. Иако под негово водство Германија започна со зајакнување на армијата и најави изградба на најсилната конвенционална војска во Европа, ваквиот став покажува воздржаност.
Причините, според анализата, се поврзани со германската внатрешна политика и уставните ограничувања по Втората светска војна. Секое испраќање војници во странство мора да биде одобрено од Бундестагот, а Мерц има тесно парламентарно мнозинство, што ваква одлука ја прави политички ризична.
Дополнителен фактор е и силниот отпор што би доаѓал од повеќе партии, вклучително и Социјалдемократите, кои традиционално се попретпазливи кога станува збор за воени ангажмани и провоцирање на Русија. Присутно е и историското бреме од можноста германски војници повторно да се најдат во конфликт со Русија.
Свет
Макрон и Штајнмаер со критики кон САД: Светот оди кон поделба на сфери на влијание
Францускиот претседател Емануел Макрон во своето годишно обраќање за надворешната политика ја критикуваше администрацијата на Доналд Трамп, обвинувајќи ги САД дека го поткопуваат глобалниот поредок заснован на правила. Тој оцени дека САД, како етаблирана сила, сè повеќе се оддалечуваат од дел од своите сојузници и се откажуваат од меѓународните правила што порано ги промовирале.
Макрон предупреди дека светот се движи кон поделба на сфери на влијание, во која големите сили настојуваат да доминираат, посочувајќи дека САД ја зајакнуваат својата улога во западната хемисфера. Иако директно не ги спомена Венецуела и Гренланд, тој ја обвини американската политика за кршење на правилата во трговијата и безбедноста, што предизвикува сериозна загриженост во Париз.
Критики упати и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој оцени дека светот не смее да се претвори во дувло на разбојници во која најбескрупулозните земаат што сакаат. Тој истакна дека глобалната демократија никогаш не била толку загрозена и предупреди на, како што рече, „слом на вредностите“ кај најважниот партнер на Европа – САД.
Фото:Depositphotos

