Вести
Западната коалиција ги бомбардираше владините сили во Сирија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/4144815.jpg)
Борбените авиони на западната коалиција предводена од САД, по грешка, бомбардирале камп на сириските владини војски, при што загинале четворица војници, а уште 16 се ранети, јавуваат агенциите.
Според агенцијата AFP, меѓународните коалициски сили предводени од САД го нападнале го нападнале кампот на војските на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад во покраината Деир-ез-Зор „на околу два километра од територијата којашто ја контролира Исламската држава“.
Како што се истакнува AFP, станува збор за прв удар врз позиции на владините војски од почетокот на воздушните операции на коалициските сили во септември 2014 година.
Сириската државна агенција SANA во меѓувреме извести дека министерот за надворешни работи веднаш испратил протесна нота до Советот за безбедност на ОН во врска со нападот врз владиниот воен објект во покраината Деир-ез-Зор, во близина на градот Ајиаш.
Според сириското министерство, станува збор за напад кој го извршиле четири авиони на коалицијата во неделата доцна вечерта кои лансирале девет проектили врз воениот камп. Според Дамаск, во нападот загинале тројца војници и уште 13 биле ранети.
„Сирија остро го осудува овој акт на агресија од страна на коалицијата предводена од САД, којашто е спротивна на целите и одредбите од Повелбата на ОН. Министерството за надворешно работи испрати писмо до генералниот секретар и Советот за безбедност на ОН“, го цитира агенцијата писмото на сириската дипломатија.
Нападот го потврди и опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, која го потврдува загинувањето на четири сириски војници, повикувајќи се на свои активисти во болничките институции.
SOHR, исто така, соопшти дека една жена и две деца се убиени во друг напад на меѓународната коалиција во провинцијата Деир-ез-Зор.
Сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервјуто за британскиот весник The Sunday Times, ја осуди како нелегална операцијата на коалицијата предводена од САД, преземена надвор од меѓународните прописи. Имено, оваа коалиција ги извршува нападите во Сирија без повик или координација со владата во Дамаск, ниту пак за тоа е донесена соодветна резолуција од Советот за безбедност на ОН,
Притоа, Асад рече дека и покрај долгата интервенција на коалицијата предводена од САД, Исламската држава напротив ја зголемила својата територија. Додаде и дека некои од регионалните сојузници на САД, како Турција, Саудиска Арабија и Катар, многу отворено и конкретно финансиски и со оружје ги поддржуваат терористичките џихадистички групи на сириското боиште./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.