Македонија
Прва триатлонска трка во Скопје на 9 јуни
Спортскиот триатлонски клуб „Триоги рејсинг“ од Скопје го најавува првиот триатлонски натпревар што ќе се одржи на 9 јуни (недела) во Скопје – „ТОПСИ триоги триатлон“. Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, пливањето ќе се одвива на базенот „Борис Трајковски“, за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.
„Пријатно сме изненадени што дури 150 учесници се пријавија на нашата трка, што за условите во кој се развива овој спорт, е голем успех. Нашата цел е спортските ентузијасти да го пробаат триатлонот, кој во светот се практикува буквално од 5 до 85 години. Нашиот клуб постои речиси три години и една од целите од самиот почеток ни беше да организираме триатлонски натпревар и во нашиот главен град. Триатлонот е спорт што е во подем во целиот свет, особено во Европа, па и Скопје заслужува да има ваков настан, кој се надеваме дека ќе прерасне во традиција. За жал, Скопје и околината немаат отворени води во кои би можело да се организира триатлонски натпревар и затоа моравме да го организираме на базен“, вели Данчо Ѓорѓијевски, основач на клубот „Триоги рејсинг“ и организатор на настанот.
Триатлонците, кои се од нашата земја, од Бугарија и од Србија, ќе се натпреваруваат во категории според нивната возраст. Овие трки се дел од Националното триатлон-првенство.
Трката е поддржана и од Делегацијата на ЕУ во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

