Спорт
Обновен турнирот во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/sokol.jpg)
Здружението на граѓани за подготовка и организирање меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“ во име на прерано починатиот Оливер Соколов-Сокол, заедно со жителите на Карпош 1, повторно се заложи да го обнови и продолжи турнирот во сеќавање на Сокол, кој традиционално 16 години успешно се одржуваше во негово име под покровителство на жителите на Карпош 1 и Општина Карпош.
Турнирот се организира на игралиштето „Сокол“, кое е во склоп на ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“.
Оливер Соколов-Сокол е еден од основачите и водачи на навивачката група „Комити“. Човек кој на 18.8.1994 година во сообраќајна несреќа трагично го загуби својот живот.
Овој турнир стана синоним за сите турнири во нашата држава и од година на година беше, е и ќе остане најдобаро организиран и најпосетуван турнир во мал фудбал со амбиција, конечно, да прерасне во меѓународен турнир. Оваа година е 17. по ред и веруваме дека ќе биде запаметен по неговата посетеност и професионалност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Страхиња Стојачиќ, нашата цел на ОИ е злато
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/str.jpg)
Репрезентацијата на Србија во кошарка 3х3 на Олимписките игри во Париз ќе ја претставуваат Страхиња Стојачиќ, Дејан Мајсторовиќ, Михаило Васиќ и Марко Бранковиќ.
Најдобриот светски кошаркар Страхиња Стојачиќ изјави дека за него е голема чест што ја претставува Србија и дека очекувањата се големи.
Фиба на социјалните мрежи објави дека Србија на Олимписките игри во Париз ќе ја претставува истата репрезентација која претходната година ги освои Светските и Европските првенства.
„Секако е голема чест и привилегија да се претставува Србија на ваков натпревар. Ова е најголемиот настан на кој учествуваат најдобрите спортисти и убаво е да се биде меѓу нив“, изјави Стојачиќ.
Најдобриот светски кошаркар Страхиња Стојачиќ изјави дека репрезентацијата има најголема цел и дека ќе даде се од себе да ги исполни.
„Целта е јасна, одиме на златен медал, и ќе дадеме се од себе да ја оствариме. Прво ќе ја одработиме групната фаза според планираното , ќе се потрудиме да бидеме на првите две места и да се пласираме директно во полуфиналето.
Србија во Париз ќе игра во група со САД, Литванија, Кина, Холандија, Франција, Летонија и Полска.
Српските кошаркари освоија бронзен медал на претходните Игри во Токио во 2021 година.
Игрите во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.
Спорт
Напаѓачот, секогаш сигурен во себе
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/toni.jpg)
Поранешниот англиски репрезентативец Бен Фостер зборуваше за пеналот на Иван Тони против Швајцарија.
Напаѓачот на Брентфорд беше сигурен при изведувањето на пенали и начинот на кој го изведе пеналот привлече внимание.
„Тој прави да изгледате како да не е тука. Додека стоите и гледате во него, тој ве гледа и оди кон топката“, рече Фостер и додаде:
И тогаш си мислиш: „Знаеш ли што правиш овде?“. Потоа тој повторно те чека додека да донесеш одлука. Мора да имате самодоверба за да го направите тоа“, а тој навистина ја има.
Во 2020 година, на натпреварот помеѓу Брентфорд и Ватфорд, Тони така и го изведе пеналот, а на голот беше Фостер
Спорт
Необична приказна за големите гиганти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/pivo.jpg)
Полуфиналните двојки на Европското првенство во Германија се Шпанија – Франција и Холандија – Англија.
Покрај приказната за борбата на европските гиганти за шампионската титула, во фокусот се најде и една несекојдневна, која не е поврзана со фудбалот.
Англичаните и Холанѓаните својот меч го играат во домот на Борусија, Дортмунд. A холандскиот новинар Марсел ван дер Краан за „Sky Sports“ носи необична информација која веројатно ќе ги загрижи двете навивачки бази лоцирани во тој град.
Имено, се проценува дека на денот на натпреварот во Дортмунд ќе се испијат приближно 1,2 милиони пива.
Тој додава дека се очекуваат меѓу 80 и 85 илјади холандски навивачи, што е нивна најголема инвазија досега.
„Имаме страв дека ќе снема пивото“, рече новинарот, а потенцираше и дека фан зоните го немаат капацитетот што се очекува од здружените навивачи на двата тима.
Извесно е дека нема сите да бидат на стадионот, но атмосферата на плоштадите ќе биде вжештена.
Натпреварот е закажан за в среда 10.07.2024. во 21 часот.