Црна хроника
Бик уби старец во тетовско

Разбеснет бик во неделата попладне си го убил стопанот, седумдесет и три годишниот Џелатбари Исмаили, соопшти МВР.
Инцидентот се случил во неделата околу 17.30 часот во тетовското село Ново Село. Старецот влегол во сопствената штала за да го врзе бикот, но разбеснетиот бик почнал да го удира и му нанел повреди на главата и телото.
Старецот бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде била констатирана смрт. Телото на старецот е предадено на семејството./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Во денови на жалост ечела музика во два објекти во Центар, приведени се сопствениците

Полицијата лишила од слобода две одговорни лица во угостителски објекти на подрачјето на Центар затоа што пуштале музика и не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост.
Лишени се од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.
– Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ, соопшти МВР.
Црна хроника
Прилепчанец предизвикал пожар, палел ниви и запалил бандера на ЕВН

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 15.20 часот на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп осомничен дека претходно, околу 14.30 часот, на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева.
Притоа се запалиле и изгореле дрва, бандера во сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп.
Топ
Уапсен возачот кој денеска удри 12-годишно девојче во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 39-годишниот Х.Х. од село Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на булеварот „Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило „голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка.